Белгија и Франција ќе играат за титулата во годинашното издание на Дејвис купот. Белгиските тенисери, во полуфиналето во Брисел, ја совладаа Австралија со 3:2. Одлучувачкиот поен за домашната селекција го освои Стив Дарсис по победата во три сета над Џордан Томпсон со 6:4, 7:5, 6:2.
Обете репрзентации забележаа по една победа во сингл мечевите во првиот натпреварувачки ден. Давид Гофан го совлада Џон Милман (6:7, 6:4, 6:3, 7:5) за Австралијците да израмнат благодарение на Ник Кирјос против Стив Дарсис (6:3, 3:6, 6:7, 6:1, 6:2).
Гостите го добија и дуелот во двојки во кој Џон Пирс и Џордан Томпсон беа подобри од Артур де Греф и Рубен Бемелманс со убедливи 6:3, 6:4, 6:0. Мајсторка за Белгија во која Дарсис славеше над Томпсон обезбеди Гофан во пресметката со Кирјос (6:7, 6:4, 6:4, 6:4).
Французите, пак, во полуфиналето на фудбалскиот стадион во Лил ја елиминира Србија со 3:1 за 18 учество во Дејвис куп финалето во кое ќе атакуваат на десетта титула. Србите отпатуваа на мегдан со „триколорите“ без Новак Ѓоковиќ, без Јанко Типсаревиќ и без Виктор Троицки. Единствената победа за северниот сосед, притоа, ја забележа Душан Лајовиќ против Лука Пуј (6:1, 3:6, 7:6, 7:6).
Жо Вилфред Цонга победи во двата сингл меча, најпрво против Ласло Ѓере (7:6, 6:3, 6:3), а во последниот натпреварувачки ден и против Лајовиќ со 2:6, 6:2, 7:6, 6:2. Во меѓувреме француската комбинација Пол Анри Ербер и Никола Мау ги порази Ненад Зимоњиќ и Филип Краиновиќ со 6:1, 6:2, 7:6.
Финалето во Дејвис купот е закажано од 24 до 26 ноември во Франција.
Дејвис куп – полуфинале
Белгија – Австралија 3:2
Франција – Србија 3:1