НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Референдум во Каталонија: Се изборивме да имаме независна држава

2
By Нова ТВ on October 2, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Каталонија, Карлес Пучдемон, вечерва рече дека ќе прогласи независност доколку резултатот на референдумот биде „да“.

„Со овој ден на надеж и страдање, жителите на Каталонија се изборија за правото да имаат независна држава во форма на република. Ние, Каталонците, заслуживме да не слушне Европа. Европската Унија веќе не може да го игнорира кршењето на човекови права, што го следеше референдумот. Шпанската влада испиша срамна страница во своите односи со Каталонија“, изјави Пучдемон во телевизиско обраќање.

Резултатите од гласањето допрва треба да бидат објавени, а откако ќе се случи тоа, тој рече дека веднаш ќе ги проследи во парламентот, кој за денеска најави вонредна седница. Мадрид од старт го прогласи референдумот за неуставен и најави дека нема да ги признае резултатите.

Тој претходно ги обвини шпанските власти дека користат неоправдано, диспропорционално и неодговорно насилство во обидите да го спречат референдумот.

Регионалното министерство за здравство соопшти дека 844 цивили се повредени во судирите во неделата, додека шпанското министерство за внатрешни работи изјави дека и 33 припадници на полицијата и на цивилната гарда побарале лекарска помош.

Тензичната ситуација на гласањето на референдумот за независност на Каталонија траеше до крај на вечерта. На социјалните мрежи се објавуваа видеа од шпанската полиција како брутално ги напаѓа и ги тепа гласачите кои дошле да гласаат на референдумот. Полицијата по гласачите пукаше и со гумени куршуми.

Spanish police attack and pepper spray peaceful civilians who were guarding ballot box in a town hall in Aiguavivs pic.twitter.com/A7fMTxpBrA

— Help Catalonia (@CataloniaHelp2) October 1, 2017

Anyone who tells you Spanish police is not acting violently show them this. Insane.#catalanreferendum #1oct #referendumCAT #1OctTV3 pic.twitter.com/6lr9idxwpC

— Eduard Sales (@edusalespifa) October 1, 2017

Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој на прес-конференција рече дека денеска не се одржал референдум. Рахој во својот говор не ги спомена повредените граѓани и ја напушти говорницата без да одговори на новинарските прашања.

Шпанската влада побара од каталонскиот претседател да ја прекине референдумската фарса и рече дека „неговиот тим е единствено одговорен за сето она што се случи“. Шпанскиот министер за внатрешни работи изјавил дека 12 полицајци се повредени, а три лица биле уапсени. Како што рече, досега затворени биле 92 гласачки места.

Против оваа полиција, биле поднесени голем број тужби, затоа што и покрај барањата на шпанската централна власт да спроведат судска забрана за референдумот, гласачките места не биле затворени.

Во соопштението на Вишиот суд во Каталонија се вели дека тужбите се поднесени против каталонската полиција позната како Мосос, а поради отсуство на акции на гласачките места кои биле незаконски отворени заради гласање, се вели во соопштение од судот. Каталонскиот Виш суд нагласува дека од полицијата Мосос побарале повеќе информации во врска со тужбите.

Повеќе за тоа како се одвиваа подготовките и како течеше референдумот можете да прочитате на следните линкови.

Над 760 граѓани повредени на референдумот во Каталонија

Како дојде до референдумот во Каталонија и што по него

Брутална употреба на сила во Каталонија

Каталониски пожарникари ги штитат граѓаните од полицијата

Шпанската полиција ги чисти училиштаата од активисти

Шпанија пред голем тест: Каталонија бара независност на референдум

Каталонија полициска бруталност референдум за независност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.