НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се интензивираат преговорите,Димитров и Коѕиас ќе се сретнат во Софија

0
By Нова ТВ on February 8, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се интензивираат преговорите за решавање на спорот со Грција. Премиерот Зоран Заев вчера потврди дека следната недела ќе се одржи нова средба на министерско ниво во рамките на процесот за преговори со посредништво на медијаторот Метју Нимиц.

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас како што објави балканската новинска агенција ИБНА, а пренесе МИА ќе се одржи во Софија, 15 и 16 феваруари, на маргините на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ и државите кандидати за членство

Се очекува Димитров и Коѕијас да разговараат за следните чекори во процесот за решавање на спорот за името меѓу двете земји.

Најавите за интензивирање на процесот за решавање на прашањето за името следуваат по последните изјави на Заев дека Скопје може да прифати географска одредница, како и на Владата во Атина дека останува активно ангажирана во процесот.

Од Кабинетот на Иванов вчера потврдија дека претседателот на Република Македонија не е информиран за каков било постигнат договор меѓу македонскиот и грчкиот премиер од нивната средба во Давос, на кој договор се темелат јавните изјави на министерот за надворешни работи на Грција.

По промената на името на скопскиот аеродром, грчките медиуми не ја исклучуваат можноста шефот на грчката дипломатија да го посети Скопје. Коѕијас изразил желба да биде првиот кој од Атина, авионски би дошол во Скопје, но како што објави МИА, сепак за тоа нема потврда.

Останува отворено прашањето дали евентуалното патување од Атина во Скопје, би било со грчки владин авион или пак со лет на грчката компанија Аегеан аирлинес, која пред четири месеци, официјално најави дека Скопје е една од новите дестинации што се воведуваат во 2018 за директни летови од Атина.

Шилегов во Атина

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, в петок во Атина ќе имаат официјална средба, а во пресрет на неа,  во заедничка колумна дадоа одговори на многу отворени прашања за актуелната политичка состојба во двете држави.

Заедничката колумна е објавена во утрешните изданија на македонскиот дневен весник „Слободен печат“ и грчкиот дневен весник „Ta Nea“.

– Во текот на изминатите неколку недели беа направени важни чекори и беше направен моментум за решавање на спорот кој ги дели нашите држави со децении. Ова кулминираше со неодамнешниот конструктивен состанок помеѓу двајцата премиери во Давос, што доведе до изрази на надеж и охрабрување кај нашите народи дека оваа историска можност нема да се пропушти повторно. Ние, како градоначалници на главните градови на двете земји, ги здружуваме нашите гласови и го поддржуваме процесот што мора да води кон остварливо решение, а не кон ново разочарување, велат Шилегов и Каминис во колумната.

Атина Димитров Заев името Каминис Коѕијас Нимиц преговори Софија средба Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.