НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчката влада преку портпаролот: Ерга омнес и промена на Уставот

1
By Нова ТВ on February 14, 2018 ПОЛИТИКА
Димитрис Ѕанакопулос
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сложено име за внатрешна и надворешна употреба и промена на македонскиот Устав е позицијата. Ова вчера го повтори портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, речиси истовремено додека во Виена се одржуваше средбата на министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, со медијаторот Метју Нимиц.

– Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова, сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение, рече Ѕанакопулос, пренесува МИА.

„То вима“: Што содржи пакетот идеи на Нимиц за решение на спорот

Истата позиција ја повтори и заменик-министер за поморство на Грција, Нектариос Санторињос ги повтори грчките позиции за сложено ерга омнес име, објаснувајќи дека „не може да го смениш името за севкупна употреба и за во внатрешноста на земјата, ако не го смениш Уставот“.

Според лидерот на партијата Сојуз на централисти, Василис Левандис, пак, Грција го загубила спорот со името, со самото тоа што разговара за сложено име со вклучен терминот Македонија.

Левендис, кој е против името Македонија, завчера се сретна со американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пајат, по што истакна дека Американците се категорични дека ова прашање е завршено.

Дел од медиумните во Атина коментираа дека нацрт спогодбата од грчката страна е подготвена, а дел, сѐ уште се работи на неа, а Коѕијас на Димитров ќе му ја претстави во Скопје при патувањето со директен лет од Атина, веднаш штом, како што пишуваат медиумите, и во пракса се промени името на скопскиот аеродром.

Коѕијас, говорејќи за државната ТВ ЕРТ пред две седмици, рече дека нацрт спогодбата ќе биде готова кон средината на февруари.

Во кусото соопштение од вчерашната средба во Виена се наведува само дека „по конструктивната средба која е дел од напорите за наоѓање на заедничко прифатливо решение за надминување на разликата околу името, Министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на ОН“.

Двете средби се оценуваат како почеток на сериозните преговори меѓу Македонија и Грција со посредство на ОН. Од македонската Влада велат дека досега се воделе разговори, размена на информации, а овие средби на ниво на министри за надворешни работи значат всушност почеток на преговорите и еден вид на фотофиниш. Очекувањата се дека овие преговори ќе траат и во текот на март.

Виена Влада Грција Димитров името Коѕијас Нимиц позции средба став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.