НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев за Фајненшел: Името Нова Македонија е неприфатливо

0
By Нова ТВ on February 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Фајненшeл тајмс“ оценува дека Македонија и Грција се приближуваат кон решение на долгогодишниот спор за името.

Заев се надева дека ова прашање би можело да биде затворено пред самитот на НАТО во Брисел во јули годинава од каде Македонија очекува покана за членство.

– Јас сум оптимист. Многу е тешко и свесни сме за тоа. Но, би било добро за двете страни да најдеме решение што е можно побрзо, вели Заев.

Тој уште еднаш повтори дека не е неопходна промена на Уставот на Македонија, на што инсистира грчката страна како гаранција за евентуалниот договор.

– Сега новото барање од Грција е дека треба да направиме промена на нашиот Устав. Но, Уставот е само книга со домашни правила и нема никакви импликации надвор од земјата. Во секој случај промената на Уставот не би значела конечна гаранција, бидејќи некоја следна влада во иднина би можела повторно да го промени Уставот, вели Заев.

За имињата кои во јавноста се спомнуваат како предлози на медијаторот Метју Нимиц (Република Македонија (Скопје), Северна Македонија, Горна Македонија, Вардарска Македонија и Нова Македонија), Заев посочува дека Нова Македонија е неприфатливо, бидејќи нема географска одредница, но оти може да се преговара за другите четири имиња.

Во интервјуто за „Фајненшeл тајмс“ Заев оценува дека интеграцијата на Македонија во НАТО треба да оди напред без разлика на руското противење за ширењето на Алијансата.

– Русија нема ништо против нашата интеграција во ЕУ, но не гледа толку позитивно на нашата интеграција во НАТО. Имаме добри односи со Русија. Тие треба да бидат свесни дека нема друга алтернатива за нашата земја освен интеграција во ЕУ и НАТО, изјави Заев.

Во врска со поддршката од опозицијата за евентуалниот договор со Грција, имајќи предвид дека е неопходно да биде ратификуван во парламентите на двете земји, Заев вели дека тоа можеби и нема да оди така лесно.

– И во двете земји постои многу национализам, критицизам, луѓе и групи кои се против договорот, вели Заев за „Фајненшел тајмс“.

Грција ЕУ Заев интервју Македонија НАТО преговори Русија ФТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.