Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Неприфатлива злоупотребата на лични податоци во ЕУ од Фејсбук

0
By Нова ТВ on April 5, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 5, 2018 13:43

Европската Комисија реагира на последните информации дека дополнителни 87 милиони корисници на Фејсбук, од кои околу еден милион во Европа,  се погодени од скандалот со Кембриџ Аналитика.

Еврокомесарката за правда, Вера Јурова, пред една недела испрати писмо до Фејсбук, барајќи разјаснувања околу аферата со Кембриџ Аналитика во која милиони лични податоци на корисници на социјалната мрежа биле најверојатно нелегално искористени.

Портпаролот на комесарката во Брисел денеска повтори дека оваа „злоупотреба е неприфатлива“ и дека „последните бројки потвдуваат дека европските корисници биле погодени“, јави МИА од Брисел.

Фејсбук има рок од две недели по испраќањето на писмото да одговори на барањата на Европската Комисија.

Потпаролот денеска потврди дека Фејсбук „покажале волја“ да соработуваат и дека двете страни ја разгледуваат можноста за контакти на „високо ниво“.

Основачот на Фејсбук, Марк Цукенберг, вчера преку статус соопшти дека социјалната мрежа во иднина повеќе ќе инвестира во безбедноста на корисниците и сузбивање на лажните вести, при што објави дека во таа насока ќе избришат преку 270 страници и акаунти оперирани од руска организација наречена ИРА.

-Повеќето од нашите акции против ИРА досега беа за да ги спречат од мешање во странски избори. Оваа новост е за да се избришат нивните страници кои таргетираат луѓе кои живеат во Русија. Оваа руска организација постојано се обидува да ги манипулира луѓето во САД, Европа и Русија, и ние не ги сакаме на Фејсбук било каде во светот, вели тој.

Претходно од оваа компанија соопштија дека оваа недела „Фејсбук“ ќе направи измени кои ќе овозможат дополнителни начини во борбата против лажните вести. Една од опциите е и дека ќе овозможат идентификација на пријателите што споделуваат лажни вести.

Измените првпат се тестирани минатата година, а им дозволуваат на корисниците да го откријат изворот на веста, поврзаните статии и мапата на споделување на веста која содржи информации за физичката локација на местото на најчесто споделување и кои корисници, односно пријатели го прават тоа.

Кога корисниците имаат увид во деталите за темата што се обработува во статијата, може да се дојде до информации кои ја разоткриваат потенцијалната лажна вест. Од друга страна, споделувањето на веста ја открива нејзината популарност и популарноста кај вашите пријатели.

Како слабост се смета тоа што со опцијата нема да може да се детектира потенцијалниот сарказам или критика.

ЕК ЕУ злоупотреба Кембриџ аналитика лажни вести податоци Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.