НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одење по жица во Казан: „Галските петли“ едвај со Австралија (Видео)

0
By Нова ТВ on June 16, 2018 СПОРТ
Фото: fifa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Франција избегна изненадување на стартот на Светското првенство во Русија. „Триколорите“ ја совладаа Австралија со 2:1 пришто мораа добро да се испотат за трите бода претпладнево во Казан. Ги освоија благодарение на погодокот на Пол Погба во 81 минута оставајќи ги „сокероси“ со утеха дека беа на праг да ја загорчат премиерата на еден од фаворитите за титулата.

Средбата на „Казањ арена“ ќе остане во мундијалските анали како прва во која ВАР технологијата влијаеше на резултатот. Моментот се случи во 57 минута во која главниот судија од Уругвај Андрес Куња ја промени одлуката и по прегледување на видео снимка досуди пенал за Французите. Најстрогата казна дојде како последица на страт на Џош Рисдон врз Антоан Гризман, а напаѓачот на Атлетико Мадрид ја презеде одговорноста и не погреши.

Радоста на „триколорите“ кратко траеше. Самуел Умтити направи глупост во сопствениот казнен простор, играше со рака по нафрлувањето на Австралијците за што Куња овојпат немаше дилеми. Веднаш иуспружи рака кон белата точка од која Миле Јединак израмни на 1:1.

https://www.youtube.com/watch?v=SSxA94jJP5w

Со тој резултат на семафорот се влезе во последните десетина минути од натпреварот. Меѓутоа наизглед неизгледната ситуацијата пред австралискиот гол донесе нова радост за составот на Дидие Дешамп. По две одлични додавања, Пол Погба се закани, топката закачи еден одбранбен фудбалер на „сокероси“ и во висок лак го префрли Рајан и заврши зад линијата од неговиот гол за конечни 2:1.

Во првото коло во групата Ц, попладнево од 18 часот во Самара, ќе играат Перу и Данска.

Франција – Австралија 2:1 (0:0)

Стадион: „Казањ арена“ во Казањ. Гледачи: 45.105. Гл. судија: Андрес Куња. Асистенти: Николас Таран и Маурисио Еспиноза (сите тројца од Уругвај). Ж. картони: Толисо (Франција); Леки, Бехиќ, Рисдон (Австралија). Стрелци: Гризман 58’ (п), Погба 81’ за Франција; Јединак 62’ за Австралија.

Франција (формација 4-3-3): Лори – Павар, Варане, Умтити, Ернандез – Толисо (Матуиди 78’), Канте, Погба – Дембеле (Фекир 70’), Мбапе, Гризман (Жиру 70’). Селектор: Дидие Дешамп.

Австралија (формација 4-2-3-1): Рајан – Рисдон, Милиган, Сајнсбјури, Бехиќ – Јединак, Мој – Леки, Рогиќ (Ирвајн 72’), Крусе (Арзани 82’) – Набут (Јуриќ 64’). Селектор: Берт ван Марвијк.

Австралија ВАР СП 2018 Франција фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.