Новак Ѓоковиќ ја мина и четвртата пречка на Вимблдон. Српскиот тенисер во осминафиналето славеше над Русинот Кирил Хачанов со 6:4, 6:2, 6:2 за еден час и 49 минути игра. Негов нареден ривал на гренслемот во Лондон ќе биде Јапонецот Кеи Нишикори кој, пак, во четири сета го елиминира Летонецот Ернест Гулбис со 4:6, 7:6, 7:6, 6:1.
Меѓу осумте најдобри на неофицијалното светско тениско првенство се пласира и Рафаел Надал. И тоа без загубен сет. Шпанецот во четвртото коло беше подобар од Чехот Јан Весели со 6:3, 6:3, 6:4. Четврт-финале, 16. во низа, на Вимблдон ќе игра и Роџер Федерер. Дуелот со Адриен Манарино од Франција беше само лесен тренинг за швајцарскиот ас кој триумфира со 6:0, 7:5, 6:4.
Резултати од осминафиналните мечеви на Вимблдон
Мажи
Федерер (1., Швајцарија) – Манарино (Франција) 6:0, 7:5, 6:4
Надал (2., Шпанија) – Весели (Чешка) 6:3, 6:3, 6:4
Андерсон (8., Ј. Африка) – Монфис (Франција) 7:6, 7:6, 5:7, 7:6
Изнер (9., САД) – Циципас (31., Грција) 6:4, 7:6, 7:6
Ѓоковиќ (12., Србија) – Хачанов (Русија) 6:4, 6:2, 6:2
Раониќ (13., Канада) – Мекдоналд (САД) 6:3, 6:4, 6:7, 6:2
Нишикори (24., Јапонија) – Гулбис (Летонија) 4:6, 7:6, 7:6, 6:1
Жени
Бертенс (20., Холандија) – Ка. Плишкова (7., Чешка) 6:3, 7:6
Кербер (11., Германија) – Бенчиќ (Швајцарија) 6:3, 7:6
Остапенко (12., Летонија) – Саснович (Белорусија) 7:6, 6:0
Гергес (13., Германија) – Векиќ (Хрватска) 6:3, 6:2
Касаткина (14., Русија) – Ван Ујтванк (Белгија) 6:7, 6:3, 6:2
С. Вилијамс (25., САД) – Родина (Русија) 6:2, 6:2
Џорџи (Италија) – Макарова (Русија) 6:3, 6:4
Цибулкова (Словачка) – Хсиех (Тајпеј) 6:4, 6:1