Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Серија А: Втор гол на Пандев, Јуве, Рома и Наполи на рутина (Видео)

0
By Нова ТВ on September 27, 2018 СПОРТ
Фото: tuttocalcionews.it
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 27, 2018 00:59

Горан Пандев го постигна вториот гол во Серија А во новата сезона. Капитенот на македонската репрезентација погоди против Киево во победата на Џенова со 2:0 која со овие три бода се искачи на осмата позиција на табелата по шест одиграни кола во фудбалскиот шампионат на Италија.

Пандев беше во стартниот тим на џеновјаните и одигра 56 минути против фенерџијата на табелата. Две минути пред да биде заменет, го совлада Сорентино и на излегување од игра ги собра аплаузите на „Луиџи Ферарис“ стадионот. Претходно реализира и во мечот со Сасуоло што Џенова го загуби со 3:5.

https://www.youtube.com/watch?v=gC055qksRbs

Јувентус останува единствен тим со максимален ефект во Италија во тековното првенство. „Старата дама“ има шест победи во исто толку одиграни средби, откако вечерва со 2:0 пред своите гледачи славеше над Болоња. Трите бода на „Јуве арена“ беа сочувани со головите на Дибала во 12. минута и Матуиди, по асистенција на Роналдо, во 16. минута.

https://www.youtube.com/watch?v=_CjR02B_G4Y

Убедлив триумф забележа и Наполи над Парма со 3:0. Инсиње во четвртата минута и Милик во 47. и во 85. беа творци на петтата првенствена радост на наполитанците во сезоната кои остануваат да дишат во врат на актуелниот првак во калчолигата.

https://www.youtube.com/watch?v=pn0Divi17Fc

Најубедлива, пак, беше Рома која по серијата лоши резултати се „истури“ на Фросиноне. Конечни 4:0 за „волчицата“ која ја заврши работата на „Олимпико“ во првото полувреме. Ундер во втората минута, Пасторе во 28. минута и Ел Шарави во 35. минута ја решетаа гостинската мрежа до одморот, а печат на, само, втората победа на римјаните во сезоната стави Коларов во 87. минута.

За Рома ова беше прва победа по шест меча вклучувајќи го и оној против Реал Мадрид во Лигата на шампиони. Во меѓувреме, во Серија А, загуби од Болоња (0:2), од Беневенто (1:2), од Милан (1:2) и ремизира со Киево (2:2) и со Аталанта (3:3).

Серија А, 6 коло

Јувентус – Болоња 2:0

Наполи – Парма 3:0

Рома – Фросиноне 4:0

Џенова – Киево 2:0

Аталанта – Торино 0:0

Калјари – Сампдорија 0:0

Удинезе – Лацио 1:2

Интер – Фиорентина 2:1

СПАЛ – Сасуоло (четврток, 19 ч.)

Емполи – Милан (четврток, 21 ч.)

Табела: Јувентус 18, Наполи 15, Лацио 12, Фиорентина 10, Сасуоло 10 (-1), Интер 10, СПАЛ 9 (-1), Џенова 9 (-1), Сампдорија 8, Рома 8, Удинезе 8, Парма 7, Аталанта 6, Торино 6, Калјари 6, Милан 5 (-2), Емполи 4 (-1), Болоња 4, Фросиноне 1, Киево -1.

Горан Пандев Јувентус Наполи Рома Серија А фудбал Џенова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.