НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По референдумот:Поддршка за уставните амандмани или предвремени избори

0
By Нова ТВ on October 1, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поддршка од опозицијата за уставните амандмани или распишување предремени избори, се двете опции што ги најави премиерот Зоран Заев по вчерашниот референдум на кој македонските граѓани се изјаснуваа за Договорот со Грција и членство во ЕУ и НАТО.

– На референдумот гласаа повеќе од 650 илјади граѓани и повеќето од 90 отсто гласа „за“. Со тоа порачаа дека Македонија треба да го прифати Договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ, порача Заев.

Европска Македонија, рече, доби повеќе гласови „за“ од кој било победник на изборите во независна Македонија, а народот направи многу важен избор.

Тој истакна дека алтернативата на изгласувањето на уставните амандамани се предвремени избори, кои како што рече, би се одржале во ноември. Апелираше до опозицијата и до сите политички партии да се обединат околку државниот интерес и да ги тргнат настрана теснопартиските интереси.

–  Знам јас, знае опозицијата, а знаат и сите граѓани, подобар договор со Грција нема и не може да има. Членството во НАТО и ЕУ нема алтернатива и не може да има. Да не си играме со нашата иднина и со нашата Македонија, рече премиерот Зоран Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, пак, изјави дека граѓаните кои гласале „против“ на референдумот и оние кои не излегле на гласање ја испратиле најгласната порака дека „Ова е Македонија“.

На прес-конференцијата, Мицковски оцени дека Македонија се изјаснила против Договорот со Грција.

– Овде живеат Македонци, нашиот идентитет е македонски, нашиот јазик е македонски, нашите претци биле Македонци“, рече Мицкоски, додавајќи дека референдумот е пораз не само на Договорот, туку и на, како што кажа, „криминалното владеење на власта“.

Запрашан дали ќе прифати предвремени парламентарни избори Мицковски кажа дека „Заев не треба да бара предвремни парламентарни избори туку подобро му е да се подготвува за политичка пензија“.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, пак, рече дека Парламентот ќе прави напори да озбебеди консензус по ова прашање бидејќи, како што рече не се работи за теснопартиски интереси, туку интересот на државата и граѓаните.

 

 

– Во однос на можноста за предвремени парламентарни избори тоа е работа на парламентарните политички партии кои доколу обезбедат мнозинство во соодветна процедура која е пропишана во Деловникот и другите закони ќе може да се спроведат, рече Џафери.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров за време на кампањата пред референдумот во врска со потребните уставни амандмани  подвлече дека тоа е работа и задача на Собранието, кое го отвора процесот со минимум 80 пратеници, а текстот се гласа со помало мнозинство.

– Уставните амандмани не се напишани ниту се преговарани. Нив ќе ги формулира Собранието на Република Македонија со големо двотретинско мнозинство, со јавна дебата, со расправа по комисии. Тоа е процес со цврсти рокови утврдени во деловникот на Собранието, рече шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Тој ги појасни поентите на четирите уставни амандмани. Првиот, рече се однесува на географската одредница северна кон името Македонија, а вториот се однесува на тоа да не ги чепкаме границите, уште поголем чекор од немање територијални претензии што е дел од спогодбата.

– Ниту Грција кон нас има територијални претензии ниту ние кон нив. Грижата за припадниците на македонското малцинство во соседните земји ќе се прошири на грижа за правата на целата дијаспора на РМ во целиот свет. И конечно во делот на преамбулата нема да се чепка ништо во делот на државно-правниот наратив, кој почнува од Илинденското востание, преку АСНОМ, до референдумот за независност од 1991 година, туку ќе ги конкретизира, поединечно ќе ги наведе конститутивните одлуки на АСНОМ. Тоа се поентите. Формулациите не постојат ниту се преговарани, бидејќи тоа е наша работа, на Собранието, рече Димитров.

Во контекст на можноста за предвремени парламентарни избори, Уставот предвидува предвремени парламентарни избори се одржуваат во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието. Актот за распишување на изборите го донесува претседателот на Собранието и со него се определува денот од кога почнуваат да течат роковите за извршување на изборните дејства и денот на одржување на изборите. Од денот на распишуввањето на изборите до денот на одржувањето не можат да поминат повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена.

За Парламентот да се распушти потребно е за тоа да се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници, што во сегашниот 120-член состав би значело 61 пратеник.

Димитров Заев избори Мицкоски референдум уставни амандамни џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.