Изненадување, ако може така да се каже со оглед дека играат најдобрите осум во сезоната, уште во првиот натпреварувачки ден на завршниот АТП Мастерс во Лондон. Го приреди Кеи Нишикори кој во првото коло во групата „Лејтон Хјуит“ го совлада Роџер Федерер со 7:6, 6:3. Во премиерниот дуел на турнирот претходно Кевин Андерсон го доби дуелот со Доминик Тим со 6:3, 7:6.
Понеделник е резервиран за средбите од првото коло во групата „Густаво Кернтен“. Од 15 часот во „О2 арена“ ќе играат Марин Чилиќ и Александар Зверев, во вечерниот термин (21 ч.) ќе се пресметаат Новак Ѓоковиќ и Џон Изнер.
Најдобрите двајца тенисери од секоја група ќе продолжат во полуфинале на турнирот од кој поради повреда се повлекоа Рафаел Надал и Хуан Мартин дел Потро.