Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вујовиќ за порталот Индекс: Македонија е тактички подобра од Хрватска

0
By Нова ТВ on January 14, 2019 СПОРТ
Фото: reprezentacija.me
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 14, 2019 01:05

Веселин Вујовиќ не е дел од Светското ракометно првенство во Германија и во Данска. Како селектор на Словенија не успеа до мундијалска виза низ бараж двомечот со Унгарија, но легендата на југословенскиот и светски ракомет и миленик на скопската публика не може да не биде во тек со актуелните случувања. Одлично ги познава приликите од Вардар до Триглав и моментно, во отсуство на клупски и репрезентативни обврски, е ангажиран како стручен коментатор на порталот „Индекс“ и во својата најнова анализа се осврнува на досегашните игри на Хрватска, но и на мечот со Македонија во рамки на третото коло во групата Б.

„Хрватска е многу тежок противник. Македонија е тврда и тактички подобра репрезентација од индивидуално посилната Хрватска. Македонците имаат одличен селектор во Раул Гонзалез кој паметно го штеди клучниот играч, Кире Лазаров во одбрана и наместо него на терен го испраќа Поповски. Двајцата млади ракометари Талески и Кузмановски даваат голем придонес, а Филип Лазаров добро им користи кога имаат играч повеќе. Стојанче Стоилов има специфична тежина за Македонија“, коментира Вујовиќ.

Тој притоа се прашува за начинот на кој Лино Червар и неговите асистенти ќе се определат да се спротивстават на Македонија и дали притоа ќе менуваат нешто во одбрана или ќе одат на нешто поагресивна игра.

„Јас секогаш им говорам на играчите дека треба да научат кога да трчаат, а кога да кочат. Што ни значи брз центар по примен гол. Ајде да сториме се, да не дојде до него“, истакнува ракометната легенда од Цетиње.

Вујовиќ посвети простор за анализа и на хрватската репрезентација, особено на некои моменти на Червар. Притоа издвојува две работи што, добронамерно, ги оценува како негови големи грешки.

„Домагој Дувњак треба да се дозира наместо да се троши пребрзо и лесно што и се прави со него. Лино Червар треба да внимава да не го прави тоа. Без оглед во каква форма е Дувњак, тој, сепак, е еден од најдобрите светски ракометари. Вака, кога без потреба игра премногу и предолго, тогаш подеднакво толку и се троши што може да не биде добро за Хрватска. Червар повторува и една друга работа што ја сметам за негова голема грешка. Прави премалку ротација како во клубовите што ги води, така и во репрезентацијата“, анализира Вујовиќ.

Мечот меѓу Хрватска и Македонија од третото коло во групата Б на СП во ракомет е попладнево од 18 часот во „Олимпијахале“ во Минхен.

анализа Веселин Вујовиќ Македонија Ракомет (м) СП 2019 Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.