НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Карантинот во Италија, тежок и за Македонците: Во продавница влегуваме еден по еден

0
By Нова ТВ on March 13, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Македонските државјани во Италија, како што велат, ги преживуваат најтешките моменти од престојот на Апенините, откако коронавирусот ги загрози животите на десетици илјади граѓани, а околу 1.000 лица починаа. Семејство од Делчево кое е во Северна Италија за МИА раскажува дека 24 часовниот режим на изолација тешко се поднесува. Во местото каде живеат починал 51 годишен ветеринар, додека ситуацијата е најлоша во Ломбардија, Милано, Пиемонте, а почнува да се влошува и во Венето.
„Тука веќе има мртви од вирусот, во Изола д’Асти почина ветеринар на 51 година. Во моментот имаме забрана за излегување од дома без потреба, освен за итни работи. Освен продавниците, не работат баровите, пицериите, рестораните. Забранета е комуникација со лица, застанување и шетање без причина. Забранети се сите јавни собири“, велат дел од Македонците кои живеат во тој дел на Италија.
Тешкиот карантин, како што додаваат, трае 24 часа, секој мора да биде дома, за да не се шири и пренесува коронавирусот.
„Посебно е хаос во Северна Ломбардија и Пиемонте, а ситуација почнува да се влошува и во Венето. Училиштата, градинките и факултетите не работат. На секои две минути на телевизијата повторуваат – „седете дома, не излегувајте без потреба и мијте раце со сапун и вода“. Има големи редици во супермаркетите, се влегува еден по еден, откако едниот купувач ќе излезе. Има продукти, рафтовите брзо се празнат, но брзо се врши дотур на роба. Карабинери шетаат по улиците нон-стоп со автомобили, додава делчевското семејство кое е во самоизолација.
Меѓу останатите мерки кои се преземаат, велат тие, дека е забрането возење и одење без потреба на работа.
„На работа одат само оние кои имаат документ од фирмата. Во однос на купувањето, можете да одите по цигари, леб и основни продукти за јадење и без задржување и правење муабет на растојание еден од друг на два метри и забраната како што кажа претседателот Конте трае до 3 април“, велат тие.
Како што додаваат Австрија ја затворила границата, исто и железницата не работи, додека Словенија има поставено ѕидови на влезот со Италија.
Италија Карантин Коронавирус Македонци режим
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.