Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Мора да научиме да работиме заедно за решавање на кризата со ковид-19

0
By Нова ТВ on April 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 6, 2020 13:13

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска изјави дека земјава побарала помош и поддршка за справувањето со ширењето на коронавирусот од повеќе земји, за што разговарал и со свои колеги, но и преку механизмите на НАТО и ЕУ. На некои од барањата, рече, веќе е позитивно одговорено, а на некои се чека одговор.

„Беше најавена пратка преку една агенција на ОН со норвешка помош. Европската Унија, како што знаете, ќе помогне со четири милиони евра, пред сè, во однос на медицинските потреби на здравствениот систем, но и со повеќе од 60 милиони евра за соочување со финансиските консеквенци од кризата. Побаравме и добивме позитивен одговор и од Кина, но уште немам што конкретно да кажам во однос на бројките и составот на таа помош“, рече Димитров на денешната прес-конференција со неговиот унгарски колега, Петер Сијарто.

Димитров посочи дека Холандија донела одлука да ни помогне со тестови развиени од Меѓународната агенција за атомска енергија кои го откриваат нуклеарниот отисок на вирусот. Од Словенија, рече стигна пратка со воен авион на словенечката војска, а денеска со министерот Сијарто, исто така, помошта од Унгарија.

„Доцна синоќа добивме информација од кабинетот на турскиот претседател Ердоган и денеска тоа ќе се најави, една помош во маски, заштитни одела и тестови. Јас овие денови разговарав со многу од моите колеги, со амбасадорите тука. Разговарав со Шведска за реалокација на развојната соработка со Шведска во однос на поддршка за малите и средни компании. Разговарав и со Берлин со колегата Рот и испратив една консолидирана листа на потреби. Очекувам поддршка од сите наши пријатели. Но, мислам дека ќе биде многу важно да ги развиеме и нашите производствени капацитети. Ние имаме и македонски капацитети за производство на маски и слично како Унгарија ќе биде многу корисно тоа да го ставиме целосно во погон. Вирусот нема национална припадност, не можете да го поразите во една земја, а да остане пандемијата во соседната или некоја па дури и подалечна земја. Ќе мора да научиме да работиме заедно да ставиме крај на овој огромен предизвик, веројатно најголем од 1945 година, од Втората светска војна“, рече шефот на дипломатијата.

Тој посочи дека помош и поддршка е побарана и преку механизмите на НАТО.

„Така што во овие две организации сите земји членки тоа го имаат добиено и ќе видиме кој со што ќе излезе во смисла на конкретна помош“, рече Димитров.

Тој повтори дека во врска со респираторите и од Кина е добиен политички позитивен одговор, но се уште нема конкретна информација кога би можеле да бидат испорачани.

„Потврден одговор има не само за респираторите, туку и за целата листа. Меѓутоа, Кина е преплавена од барање за помош од целиот свет и ќе им треба уште некое време да излезат со конкретна информација во смисла на квантитет и во смисла на време кога“, рече министерот за надворешни работи.

Mинистерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петар Сијарто е во посета на земјава, а притоа донесе заштитна опрема за борба против Ковид-19, со специјален воен карго авион директно од Унгарија, која содржи 100 илјади заштитни маски и пет илјади заштитни скафандери.

ЕУ Македонија НАТО Никола Димитров Петер Сијарто помош Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.