НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ и ДУИ меѓу вкрстен оган од поддршка и жестоки критики

0
By Нова ТВ on August 19, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако заврши неизвесноста по прашањето кои партии ќе ја формираат новата влада (СДСМ – Беса – ДУИ – ДПА), на сцена стапија оценките за нејзиниот капацитет и компатибилноста на клучните партнери, особено по нивните довчерашни меѓусебни критики.

„Постигнатиот договор помеѓу СДСМ и ДУИ за новата владина коалиција, пред сè, е гаранција за натамошен напредок на нашата држава на патот кон полноправно членство во ЕУ“, вели поранешниот премиер Владо Бучковски.

Таквиот став го темели и на искуството од коалицирањето со ДУИ во времето на неговиот премиерски мандат.

„СДСМ и ДУИ несомнено имаат голем успех на надворешен план во минатото, во периодот од 2002 до 2006 година (кандидатскиот статус за ЕУ во 2005 година), кога бевме лидери во регионот. Годините од 2017 до 2020 повторно беа најсилни на надворешен план (Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор), а членството во НАТО е круна на нивното заедничко владеење“, оценува Бучковски.

Притоа се осврнува и на значењето на оваа коалиција во контекст на некои регионални процеси, но и на домашните очекувања.

„Според мене, во пресрет на решавање на косовското прашање, ваквата коалиција ја преферираа и САД и ЕУ. Таа меѓународна поддршка многу помогна и во санирањето на нарушените односи на СДСМ и ДУИ кои кулминираа за време на изборната кампања. Сепак, нашите граѓани очекуваат многу повеќе на внатрешен план, пред сè, во поглед на владеење на правото. Но, заради пандемијата на Ковид-19, топ-приоритет мора да биде здравството и економијата. За успешно функционирање на старо-новата владина коалиција мора да се подигне меѓусебната доверба на повисоко ниво. Пред сè, тоа е задача за СДСМ. Тие мора да сфатат дека ДУИ не може да биде дежурен виновник за неуспесите на внатрешен план (посебно во периодот 2017 – 2020) и не може високи партиски функционери или видни коалициски партнери (како Тито Петковски) повеќе да го напаѓаат ДУИ, отколку ВМРО-ДПМНЕ“, вели поранешниот премиер.

Алијанса/Алтернатива: Ова е мега-измама

Опонените на ДУИ во албанскиот блок имаат многу забелешки за старо-новата коалиција. Од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива договорот меѓу ДУИ и СДСМ го нарекоа измама на граѓаните, а нивната влада – нелегитимна.

„Како прво е измамничка, затоа што и двете страни сериозно ги измамиле граѓаните и второ, е нелегитимна, затоа што партнер на оваа влада станува партија која насилно и манипулативно ја ограби политичката волја на Албанците. Прво, ДУИ измами, што денес го прекрши единственото предизборно ветување за албанскиот премиер и второ, го измами СДСМ, која пред изборите рече дека во никој случај нема да се формира коалиција со ДУИ“, се вели во реакцијата.

Од Коалицијата АА/А најавуваат дека од денеска со сите демократски средства ќе ја враќаат демократијата во земјата.

„По оваа мега-измама што е над срамот во однос на моралот, што само нивното лице може да го издржи, коалицијата заклучува дека во Северна Македонија се занимаваме со политичка каста, која утре ќе биде влада, која ќе владее без принципи, туку водени само од тесни деловни, клански и семејни интереси. Во овој контекст, борејќи се за вистинска демократија во нашата земја, како и да се грижиме граѓаните повторно да не бидат измамени, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе биде бранител и непоколеблив војник против оваа нелегитимна и измамничка влада. Да престанеме со манипулацијата со политичката волја и да престанеме со измамата што виси како навика на главата на една земја која се стреми кон Европската унија“, велат од оваа коалиција, а повеќе детали за нивните чекори ќе објават на денешната прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ: Крими-коалиција за еднократна употреба

На критика не штедеше ни ВМРО-ДПМНЕ која оцени дека новата коалиција Заев – Ахмети е создадена за продолжување на старите навики на криминал и корупција, а единствен и најголем именител на коалицирањето им се криминалот и лагата. Партијата реагираше и на најавата на Заев за укинување на пржинската влада.

„Пржинскиот модел беше договорен меѓу опозицијата и власта. Заев нема право без консултација со опозицијата и со меѓународниот фактор кој беше гарант на тој модел, да го укинува еднострано и да го пазари во договорот за неговата влада. Оттука, се работи за уште една нова спектакуларна лага на двајцата лидери, која има за цел да се отргне вниманието на крими-коалицијата која ќе ја формира владата. Оние кои четири месеци на оглас откриваат кој ја гради дивоградбата во „Мавровка“ која никна пред очите на целата јавност, сега ќе управуваат со буџетот на сите, ќе ја злоупотребуваат и крадат иднината на сите. Ваква крими-коалиција е новото цунами во државата“, се вели во партиското соопштение.

Што се однесува до ветувањето за испитување на потекло на имот, од партијата велат дека тоа било предлог на ВМРО-ДПМНЕ уште пред една година.

„Кога тоа беше предложено од претседателот Мицкоски, Заев тогаш рече дека можело да се испитува потеклото на имот и со постојните закони. Сега тој брза со ова решение за тој да го води процесот на испитување и да го сокрие сомнителниот и криминален имот на сопственото семејство. Еве да ја кажеме целта на тој закон кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи во првата прилика во Собрание. Тој закон треба да се носи за Зоран Заев и криминалната дружина и таквите како нив кои преку ноќ се обогатија на грбот на народот. Оваа крими-коалиција е со времен рок на траење и за еднократна употреба“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

До моментов официјално не е соопштена поделбата на ресорите, па „на сила“ остануваат шпекулациите, според кои, кадри на ДУИ ќе раководат со шест ресори. Наводно ги задржуваат позициите во три ресори со кои и досега раководеа – за економија, за животна средина и за политички систем и односи меѓу заедниците, а ќе раководат и со ресорите за надворешни работи, финансии, и информатичко општество и администрација.

АА/А Влада Владо Бучковски ВМРО-ДПМНЕ Договор ДУИ коалиција критики мнозинство реакции СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.