НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинет за сексуални вознемирувања: Гувернерот на Њујорк, Куомо се повлекува од функцијата

0
By Sashko on August 10, 2021 СВЕТ
Фото: cbc.ca
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо соопшти дека поднесува оставка. Неговата функција во преостанатиот период од мандатот ќе ја презеде Кети Хочул, потполковник од редовите на демократите, и ќе биде првата жена гувернер на државата.

Оставката доаѓа откако јавната обвинителка Летиција Џејмс ги истражи обвинувањата за сексуално вознемирување против гувернерот што ги поднесоа 11 жени. Тоа вклучува девет сегашни или поранешни државни службенички.

Во извештајот што беше објавен на 3 август, Џејмс наведе дека сите обвинувања се веродостојни. По извештајот ќе следува постапка за отповикување, поради што и Куомо одлучи да се повлече од функцијата.

– Mислам дека, со оглед на околностите, најдобар начин на кој можам да помогнам сега е ако се тргнам настрана и дозволам владата да се врати на управувањето. Тоа е она што јас и ќе го сторам, бидејќи работам за вас и постапувајќи исправно, ќе постапам исправно кон вас, рече Куомо на денешната прес конференција.

Соочувајќи се со постапка за отповикување, на која призна дека нема да може да се спротистави, Куомо (63) објави дека ќе ја напушти функцијата за 14 дена, и при тоа инсистира дека не направил ништо лошо.

Обраќајќи се на своите три ќерки, Куомо рече „сакам од се срце да знаат дека јас никогаш не сум го направил тоа и никогаш намерно нема да изразам непочитување кон жена или да се однесувам поинаку кон некоја жена отколку што би сакал тие да бидат третирани и тоа е вистината“.

– Вашиот татко направи грешки, се извини и извлече поуки. Тоа е животот, рече гувернерот на Њујорк.

Ендрју Куомо Њујорк обвиненија оставка Свет Сексуални вознемирувања Функција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.