Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Авганистанците организираат вооружен отпор: Командантот Масуд бара оружје од САД за борба против талибанците

0
By Sashko on August 19, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 19, 2021 15:49

Во долината Панџшир, под водство на вицепремиерот на падната авганистанска влада, Амрула Салех, и синот на починатиот командант Масуд, се подготвува отпор против талибанците, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, повикувајќи на разговори за новата авганистанска Влада.

Талибанците не ја контролираат целата територија на Авганистан. Добиваме информации за ситуацијата во долината Панџшир. Таму се концентрирани силите на движењето на отпорот на потпретседателот Салех и на Ахмад Масуд, рече Лавров на прес-конференција во Москва.

Долината Панџшир е центарот на отпорот и етничко таџикистанско упориште на североистокот од Кабул. Ахмад Масуд, локалниот лидер на Националниот фронт за отпор на Авганистан, го повика Западот да обезбеди поддршка и оружје во борба против талибанците.

Во колумна што вчера беше објавена во „Вашингтон пост“, Масуд тврди дека во Паншир му се придружиле војници на авганистанската армија „згрозени од предавањето на нивните команданти“, како и поранешните припадници на авганистанските специјални сили.

Но, ни треба повеќе оружје, повеќе муниција, повеќе опрема, рече Масуд, уверувајќи дека талибанците претставуваат закана и надвор од Авганистан.

Масуд е син на Ахмад Шах Масуд, лидерот на талибанскиот отпор, убиен во 2001 година од припадници на Ал Каеда.

Под контрола на Талибанците, Авганистан несомнено ќе стане база за радикален исламистички тероризам … и заверите против демократиите ќе бидат повторно измислени овде, напиша тој во колумната во „Вашингтон пост“.

Толку долго се боревме за отворено општество, општество каде што девојчињата ќе можат да станат доктори, нашиот печат да може слободно да известува, нашите млади луѓе да можат да танцуваат и слушаат музика или да присуствуваат на фудбалски натпревари на стадионите што некогаш талибанците го користеа за јавни егзекуции и тоа може наскоро да се повтори, напиша Масуд.

Америка сè уште може да биде голем арсенал за демократијата со тоа што ќе ги поддржи муџахедините, кои уште еднаш се подготвени да се соочат со талибанците, напиша Масуд.

Авганистан борба Долина Панџшир отпор Свет Сергеј Лавров Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.