Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска оствари работна средба со Џанг Ѕуо, амбасадор на Кина во Република Северна Македонија. Бочварски ја искористи приликата да се заблагодари на амбасадорот за досегашниот придонес во делот на економската соработка меѓу двете земји.
Ковид-кризата ги погоди сите земји и затоа упатувам апел и поддршка за уште поголема меѓусебна соработка со цел подигање на трговската размена на повисоко ниво, истакна Бочварски.
На крајот на средбата, амбасадорот лично му врачи поканата на министерот за претстојната конференција „Second United Nations Global Sustainable Transport Conference“ која ќе се одржи од 14-16 октомври во Пекинг.