Во Фудбалската федерација на Македонија денеска со ждрепка беа одредени двојките за шеснаесетфиналето од националниот Куп.
Академија Пандев и Силекс, како финалисти од ланското издание во најмасовното клупско натпреварување, одат директно во осминафинале поради бројот на пријавени тимови за денешното извлекување.
Двојки за шеснаесетфинале во фудбалскиот Куп
Детонит – Македонија Ѓорче Петров
Победа – Вардар
Кит Го – Шкендија
Беса Добридол – Скопје
Локомотива – Охрид
Гостивар – Ренова
Љуботен – Пелистер
Кораби – Беласица
Њу Старс – Борец
Слога Виница – Работнички
Новаци 2005 – Тиквеш 1930
Саса Каменица – Струга
Воска – Брегалница
Велешта – Шкупи
Во шеснаесетфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија нема реванш, се игра по еден натпревар што е закажан на 15 септември во 15 часот.