Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Њујорк тајмс“ објави тајна порака на ЦИА: Губиме премногу агенти

0
By Sashko on October 7, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 7, 2021 11:56

„Њујорк тајмс“ објави дека највисоки претставници на ЦИА минатата недела пратиле тајна порака до сите нејзини бази и агенции во светот во која ги предупредуваат оти губат премногу агенти што ги регрутираат по другите држави.

Нив или ги апсат или едноставно ги убиваат. Во текстот за таквата состојба се истакнува дека станува збор за навистина невообичаена порака на централата на ЦИА во која стои оти се прегледани десетици случаи во последните години што вклучуваат соработници во странски земји кои ги загубиле животите, се приведени или разоткриени.

Во кратката порака дури е наведен и точниот број на ликвидирани соработници, што е строго чуван детал кој никогаш не се споделува во таквите пораки. „Њујорк тајмс“ не го наведува точниот број на загубени соработници, но објави дека ЦИА не сакала да ја коментира пораката. Се наведува и дека агенцијата се соочува со исклучителни потешкотии при регрутацијата на соработници, поготово во земји како Русија, Кина, Иран и Пакистан во кои ривалските служби упорно „ловат“ соработници и службеници на ЦИА и често ги претвораат во двојни агенти.

Во анализата на њујоршкиот весник се истакнува дека пораката е доказ за лошото работење на централната американска шпионска служба, дека во неа премногу се верува на извори, се потценуваат ривалските странски служби, пребрзо се регрутираат соработници не обрнувајќи притоа внимание на контраразузнавачките ризици, односно дека на важноста на мисијата се дава преголема предност во однос на прашањето на сигурноста.

Големиот број на компромитирани соработници е, исто така, доказ за зголемената способност на другите земји да ги искористат предностите од иновациите во контраразузнавањето, како биометриски скенирања, препознавање на лица, вештачка интелигенција и хакерски алатки за следење на агентите на ЦИА и откривање на нивните извори. Забележано е дека не е толку проблем да се соберат доволно податоци за аналитичарите со седиште во Ленгли, но создавањето мрежа на соработници во светот е она во што ЦИА отсекогаш била најдобра и зошто нејзините теренски агенти редовно напредувале во службата.

И тука се чини и настана проблемот, бидејќи притоа се заборави како треба да се провери кој е новиот соработник или дали можеби има контакти со која било ривалска служба. Исто така, ЦИА во последните 20 години ги фокусираше своите напори за борба против терористичките закани што доаѓаат од Авганистан, Ирак и Сирија, додека службите на ривалските сили како Кина или Русија напорно работеа на методи и системи за откривање, што ЦИА сега скапо го плаќа и ќе мора да се поправи во тој домен.

Агенти Загуби Њујорк Тајмс Порака САД Свет ЦИА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 19, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

ВЕСТИ May 19, 2026

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.