НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

COP26: Најголемите производители засега не се откажуваат од јагленот како енергенс

0
By Sashko on November 5, 2021 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
Фото: scmp.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Барањето за укинување на јагленот како извор на енергија вчера го поддржаа уште 23 земји на климатската конференција на Обединетите Нации (ОН) во Глазгов, но на тоа сè уште се противат најголемите производители на највалканото гориво што го предизвикува глобалното затоплување.

Самитот COP26 се обидува да најде начин за постигнување на целта за ограничување на глобалното зголемување на температурата на 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриските нивоа. Емисиите на штетни гасови од согорувањето на јаглен поединечно најмногу придонесуваат за климатските промени, така што намалувањето на неговата употреба е клучно за постигнување на климатските цели.

Ветувањето за укинување на јагленот не го поддржаа Австралија, Индија, САД и Кина, кои поседуваат повеќе од пола од сите термоелектрани во светот, а планираат да изградат повеќе.

Во 2020 година емисиите на јаглерод диоксид се намалија за 5,4 отсто поради опаѓање на економската активност, но новиот извештај на „Global Carbon Projecta“ проценува дека емисиите оваа година ќе се зголемат за 4,9 отсто.

Побогатите земји се согласија да го укинат јагленот како извор на енергија до 2030-тите, а сиромашните до 2040-тите.

Во моментот, термоелектраните произведуваат повеќе од една третина од електричната енергија во светот. Многу земји во развој се потпираат на евтин јаглен, како што тоа го правеле денеска развиените земји во времето на Индустриската револуција во 19 век.

Глазгов јаглен климатски промени конференција ОН Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.