Лидерот на ДУИ, коалициски партнер на СДСМ, Али Ахмети, порача дека комуницираат со партиите со евроатлантска определба и стратешките партнери, како и дека нема да постапуваат ниту со емоција, ниту со еуфорија.
Ахмети преку својот Фејсбук профил на англиски јазик напиша дека е во постојана комуникација со сите политички партии, освен со оние кои се против Охридскиот договор и евроатлантската иднина на земјата, со цел менаџирање на состојбата создадена по оставката на премиерот и лидер на коалицискиот партнер СДСМ Зоран Заев.
Состојбата што се создаде со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите страни, со исклучок на тие кои ги негираат Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за доброседство, НАТО, ЕУ, Република Косово и албанскиот јазик. Исто така, за актуелните случувања во контакт и кординација сум со нашите стратешки партнери, САД, НАТО и ЕУ. Нема да постапуваме ниту со емоција, ниту со еуфорија, наведе Ахмети.
Има, вели, многу телефонски повици, пораки и поддршка од сите страни, а во неможност да одговори на сите, порача, „заедно ќе успееме“