НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама предупредува: Политичките фактори во регионот и ЕУ треба да бидат внимателни

0
By Sashko on November 9, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанскиот премиер Еди Рама изјави оти во моментот не е загрижен за ситуацијата на Западен Балкан, бидејќи смета дека работите не се дојдени до таа точка, но нагласува дека сите политички фактори во регионот, но и надвор од него во ЕУ мора да бидат внимателни.

Во интервју за печатеното издание на грчкиот весник „Неа“ рече дека не треба да се потценат „симптомите од тој тип“.

Запрашан колку далеку се отиде со иницијативата „Отворен Балкан“ и дали на неодамнешните состаноци во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ и со македонскиот вицепремиер Никола Димитров се разговарало за ситуацијата во регионот, Рама одговори дека иницијативата напреднала, меѓутоа не толку колку што би сакале.

На наредниот состанок во декември во Тирана, ќе минеме на некои цели што се однесуваат на слободата на движење на производите. Што се однесува до ситуацијата на Западен Балкан, сме навикнале на такви ситуации, тоа не е ништо посебно, вели Рама.

На прашање дали е загрижен за мешање на други сили и на Турција во регионот кои се обидуваат да го оддалечат Западен Балкан од ЕУ, Рама истакна дека не е свесен на ништо што би ја поврзало Турција со било каков облик на дестабилизација.

„Знам дека Турција е стратешки партнер на Албанија, како Грција и Италија. Турција е близок пријател на Албанија и сакаме да го засилуваме нашето партнерство. Не гледам дека Турција се обидува да го наруши европскиот курс на Западен Балкан“, рече Рама.

Еди Рама ЕУ Западен Балкан интервју регион Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.