НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По објавата за нов ковид сој во Јужна Африка: Светските берзи паднаа за околу три отсто

0
By Sashko on November 26, 2021 СВЕТ
Фото: investors.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Цените на акциите на европските берзи утрово паднаа за околу три отсто, бидејќи инвеститорите стравуваат од последиците од ширењето на новата варијанта на коронавирусот.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 3,3 отсто во 9:30 часот. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс падна за 2,95 отсто, на 7.093 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за три отсто, на 15.439 поени, а париски CAC за 4,25 отсто, на 6.775 поени.

Цените на акциите драстично паднаа и на азиските берзи, па индексот на азиско-пацифичките акции MSCI, без јапонските акции, беше во минус за околу два отсто околу 9:30 часот. На токиската берза, индексот Никеи падна за 2,5 отсто, додека цените на акциите во Шангај, во Јужна Кореја, во Австралија и во Хонг Конг паднаа меѓу 0,6 и 2,5 отсто.

Инвеститорите се вознемирени од веста дека во Јужна Африка е „откриен нов вид на ковид-19 со повеќе мутации и многу е заразен“.

Британските власти го сметаат за најважна варијанта досега и стравуваат дека може да биде отпорна на вакцини. Затоа тие воведоа ограничувања за патување во шест африкански земји.

Оваа варијанта е, исто така, идентификувана во Боцвана и во Хонг Конг кај патници кои пристигнале од Јужна Африка.

По вакви вести, прво пукате, а потоа поставувате прашања. Пазарите го проценуваат ризикот од уште едно можно глобално ширење на вирусот, доколку вакцината се покаже како неефикасна. Надежите за отворање на економиите и земјите би можеле да бидат уништени, објаснува Реј Атрил, стратег во Националната австралиска банка.

Инвеститорите со загриженост го следат и ширењето на коронавирусот во Европа. Во Германија, бројот на починати од вирусот вчера надмина 100.000, Словачка објави двонеделно „заклучување“, а чешката Влада порано затворање на баровите.

акции Берзи Вредност економија индекси Јужна Африка Ковид-19 Пад Свет сој
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.