НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преку македонската Амбасада во Лондон: Се врачуваат првите 100 мобилно издадени пасоши

0
By Sashko on December 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во процес на врачување се првите 100 биометриски пасоши на Република Северна Македонија што се мобилно издадени преку Амбасадата во Лондон. Со воспоставување на базната станица во оваа амбасада, се поедностави и скрати постапката на стекнување со нова патна исправа за нашата дијаспора во Обединетото Кралство на само три недели, која претходно траеше четири до шест месеци, посочи амбасадорката Александра Миовска која моментот го опиша како историски за конзуларната пракса и изрази задоволство од позитивниот фидбек (feedback) на нашите државјани кои живеат и работат таму.

Ова е историски момент за конзуларната пракса во оваа амбасада. Нашите граѓани кои живеат и работат во Англија, Шкотска, Велс или Северна Ирска од сега можат да ги обноват своите пасоши на многу поедноставен, поефикасен и побрз начин. Ме радува што првичните впечатоци и реакции од сите кои ја посетија амбасадата во изминатите четири недели се позитивни. Тој е најсилниот мотив и предизвик за тимот на амбасадата да продолжи и натаму да биде ефикасна служба во корист на граѓаните, посочи Миовска.

Дијаспората ја поздравуваа новата постапка.

Денеска го подигнав мојот пасош. Би сакала да се заблагодарам на целиот тим на нашата амбасада. Сè протече многу „мазно“. Постапката за стекнување со нова патна исправа беше многу лесна. Не се чека многу. Одлична инвестиција за забрзување на постапката за издавање на пасоши во конзуларното претставништво во Лондон, истакна македонски граѓанин кој живее и работи во Обединетото Кралство.

Целта на проектот на Министерството за надворешни работи (МНР) за воспоставување на базни и мобилни станици во македонските дипломатски и конзуларни претставништва е исполнување на потребите на дијаспората, која со години наназад се жали за бавно издавање на патни исправи.

„Подобрувањето на услугите на нашите ДКП-а за дијаспората е висок приоритет на МНР, чија интенција е следниот период овој значителен проект да се прошири со поголем број ДКП-а“, нагласуваат од МНР.

Александра Миовска амбасада Велика Британија Издавање Лондон Македонија пасоши постапка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.