НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иницијатива „Отворен Балкан“: Заев изненаден од ставот што Пендаровски го искажал во Приштина

0
By Sashko on December 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев изрази изненадување од ставот на претседателот на државата Стево Пендаровски што го изнесе вчера во Приштина во врска со иницијативата „Отворен Балкан“.

Неразбирливо е зошто некој би бил против пријателство со соседите, против зближување на младите и народите од Западен Балкан и против полесна и побрза економска размена меѓу земјите од регионот, изјави Заев за ТВ21 и додаде дека минатото покажало што значи затворен Балкан и оти е неоправдано кое било заговарање против „Отворен Балкан“.

Според Заев, особено е неразбирливо кога „ваква негативна реакција доаѓа од првиот човек во државата кој би требало да биде прв и во заштита на интересите на граѓаните“.

Во Северна Македонија претседателот на државата нема никакви ингеренции во делот на олеснување на царинските процедури, во делот на воведувањето „One Stop Shop“ премини за брз проток на границите, во делот на признавање на работни дозволи и дипломи, изјави Заев.

Тој нагласи дека не е загрижен, туку е уверен оти институциите посветено ќе работат на обезбедување на бенефитите од оваа иницијатива за граѓаните.

Изненаден сум што Пендаровски ги промени своите ставови за оваа, пред сѐ, економска иницијатива, но нема да бидам изненаден кога повторно ќе се премисли за да даде поддршка во периодот што доаѓа, а во интерес на граѓаните, на државата и на регионот, истакна Заев.

Претседателот Пендаровски вчера, за време на посетата на Косово, на заедничката прес-конференција со косовската претседателка Вјоса Османи, рече дека „Отворен Балкан“ е фалична иницијатива од самиот почеток, бидејќи наместо да учествуваат сите шест држави од Западен Балкан, во неа се пола. Тој напомена дека сè додека иницијатива не ги опфати сите шест држави на Западен Балкан нема да биде успешна.

„Отворен Балкан“, според него, треба да биде само еден аспект од Берлинскиот процес кој има институции и ресурси, а оваа иницијатива засега го нема тоа.

Добронамерни иницијативи, се разбира, може да бидат само дел, не може да бидат супституција на Берлинскиот процес кој продуцираше одлични резултати досега и кој трае веќе седум-осум години со тенденции да се проширува и обогатува со нови содржини, рече Пендаровски.  

Тој потсети дека на почетокот, во 2019 година, изразил резерви за „Отворен Балкан“, бидејќи сметал дека ќе бил против ако е обид за реставрација на некаква Југославија или за алтернатива за членство во ЕУ, но подоцна ја поддржал иницијативата, откако добил уверување од премиерите на земјите што се дел од проектот дека нивните идеи не се такви.

Зоран Заев Иницијатива Македонија отворен балкан премиер претседател став Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.