Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лавров: Русија нема намера да ја нападне Украина, НАТО ја разгорува хистеријата

0
By Sashko on January 21, 2022 СВЕТ
Фото: bbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 21, 2022 14:10

Русија никогаш не му се заканувала на украинскиот народ, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Женева.

Русија никогаш не ѝ се заканувала на Украина преку свои официјални претставници. Русија нема намера да ја нападне Украина, рече шефот на руската дипломатија.

Лавров, исто така, кажа и дека се надева дека „емоциите ќе стивнат“ по „искрените“ разговори со САД.

Русија не исклучува дека целата хистерија што Западот ја крева околу Украина има за цел да ја прикрие политиката на Киев за саботирање на Минск-2, рече Лавров.

„НАТО работи против Русија, па Москва се противи на проширување на блокот кон Исток“, кажа тој.

Шефот на руската дипломатија го повика Блинкен да го искористи своето влијание за да го „вразуми Киев“.

Русија смета дека прашањето за Украина бара големо внимание, но тоа не може да се сведе на целата тема на европската безбедносна архитектура, рече Лавров.

Путин е секогаш подготвен за средби со Бајден, но тие средби мора да бидат добро подготвени, додаде првиот руски дипломат.

Разговорот со американскиот државен секретар, според него, бил „корисен и искрен“.

Ентони Блинкен НАТО Русија Свет Сергеј Лавров средба тензии Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.