Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарка во Турција уапсена поради твит за Ердоган

0
By Sashko on January 23, 2022 РЕГИОН
Фото: newsfounded.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 23, 2022 10:04

Турски суд ѝ одреди притвор на познатата новинарка Седеф Кабас по обвиненијата за навреда на турскиот претседател Ердоган на Твитер и со тоа го прекршила законот според кој досега се гонети десетици илјади луѓе, јави турската „Си-Ен-Ен“.

Полицијата ја привела Кабас два часа по полноќ и прво ја одвела во главната полициска станица во Истанбул, а потоа ја префрлила во градската судница, каде судот нареди нејзино официјално апсење.

Наводната навреда се однесува на коментар во врска со кабинетот на претседателот, кој Кабас го дала на антирежимскиот телевизиски канал и на нејзиниот Твитер профил, за што таа беше осудена од некои владини претставници.

Честа на претседателскиот кабинет е чест на нашата земја. Ги осудувам вулгарните навреди насочени кон нашиот претседател и неговиот кабинет, напиша на Твитер Фахретин Алтун, директорот за комуникации на турската Влада.

Мердан Јанардаг, главниот уредник на каналот „Теле 1“, на кој Кабас го коментираше кабинетот на претседателот, остро го осуди нејзиното апсење.

Нејзиното апсење во два часот по полноќ поради коментари е неприфатливо, напиша тој на Твитер, додавајќи дека тоа е „обид да се заплашат новинарите, медиумите и општеството“.

Турскиот закон за навреда на претседателот предвидува затворска казна од една до четири години.

Во октомври минатата година, Европскиот суд за човекови права ја повика Турција да го промени законот, откако одлучи дека притворањето на луѓето според законот ќе ја наруши слободата на изразување.

апсење коментари новинарка регион Реџеп Таип Ердоган Твитер Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.