Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска за ХРТ: Помагањето на Украина е инвестиција во нашата безбедност

0
By Marija Todorovska on July 14, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФОКУС
Фото: Скриншот HRT
Фото: Скриншот HRT
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 14, 2025 11:47

„Сакаме земјите-членки на НАТО праведно да го делат товарот на трошоците за одбрана“, изјави заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во интервју за ХРТ  на Форумот во Дубровник.

Шекеринска ја нагласи важноста на трансатлантската солидарност и посочи дека неодамнешниот самит на НАТО во Хаг, на кој беше договорено драматично зголемување на одбранбените трошоци на 5% од БДП, претставува историски пресврт во функционирањето на Алијансата.

„Самитот беше историски бидејќи ја трансформираше и зајакна Алијансата. Целта беше НАТО да стане посилен во одвраќањето на агресија, но и пофер во однос на распределбата на обврските“, изјави Шекеринска.

Во разговорот таа подвлече дека посветеноста на САД на Членот 5 и на европската безбедност останува силна, но истовремено се очекува и европските сојузници и Канада да преземат поголем дел од одговорностите.

„Не можеме само да се потпираме на САД. Оваа посветеност од американска страна доаѓа со очекувања – дека и Европа ќе вложи повеќе во својата безбедност“, истакна таа.

Шекеринска потврди дека Русија и тероризмот и понатаму се сметаат за најголеми закани за евроатлантската безбедност.

„Сигурноста на Украина е поврзана со нашата. За да ја гарантираме таа сигурност во иднина, како што ја штитивме во последните 75 години, мораме да инвестираме во одбрана“, рече таа.

Заменик-генералната секретарка истакна дека сите 32 земји-членки веќе се согласиле околу клучните стратешки цели: обуки, набавка на вооружување и унифицирана воена стратегија.

Покрај тоа, таа говореше и за важноста на зајакнување на одбранбената индустрија и за континуираната поддршка за Украина, вклучително и испраќањето оружје, како дел од пошироката стратегија за стабилност и одвраќање на закани во регионот.

дубровник интервју НАТО Русија САД Украина ХРТ Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.