НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хронологија: Протести по одлуката за аболиција

1
By Нова ТВ on April 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

protest

Одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов  да ги запре сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата предизвика револт во јавноста. Граѓаните масовно протестираа на повеќе локации во Скопје, а доцна вечерта се случи и контра протест пред седиштето на СДСМ на Бихаќка.

„Оваа криза е нечиј туѓ интерес, за нечии туѓи цели и интереси. Некој кој сака нешто да постигне, некој кој сака преку завојуваните политички лидери и нивните поддржувачи да оствари своја цел. Сето она што се случуваше во изминатиот период, резултираше со досега невидена политичка конфронтираност, со политика на меѓусебно пресметување и уништување, бескраен реваншизам и омраза и лична конфронтација“, изјави Иванов.

По само два часа од неговото обраќање, демонстрантите прво во помал број се собраа пред објектот на Специјалното јавно обвинителство. Таму со аплаузи и скандирања ги охрабрија обвинителите да продолжат со истрагите против функционерите осомничени за низа криминални дејствија.

Оттаму граѓаните се упатија кон Народната канцеларија на претседателот кон која фрлаа со јајца. Според нив, одлуката на претседателот е нарачана, а Иванов со тоа извршил удар врз правото, но и  врз Специјалното обвинителство кое веќе отвори три предмети поврзани со високи функционери од власта.

-Иванов до крај го разоткри злосторничкото здружение. Ова е недостојно за претседател. Немаме друго, сенароден отпор! Ако ова вака остане, веќе нема никаква смисла постоењето на Специјалното обвинителство, Иванов де факто го поништува СЈО, вели за НОВА професорот Димитар Димитров.

По час и половина протест пред Канцеларијата на претседателот, демонстрантите се упатија кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од Канцеларијата на Иванов која ја бранеа десетина полицајци, пристапот до штабот на ВМРО-ДПМНЕ беше блокиран од кордон специјалци.

Демонстрантите фрлаа со камења и јајца кон зградата на ВМРО-ДПМНЕ, а во турканиците беше повреден и снимателот на НОВА.

На бојкот се приклучија и опозициските партии

По три часа протест, на протестот се појави и лидерот на опозицијата Зоран Заев придржуван од партиските челници. Тој одби да даде изјава, бидејќи рече дека СДСМ излегува на протест за да ги поддржи граѓаните.

Опозицијата од штабот на ДПМНЕ маршираше до Владата, каде исто така беа фрлани јајца кон фасадата на објектот на Илинденска. По час и половина мирен протест на оваа лоакција, политичарите се вратија кај демонстрантите пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен Заев, на протестот присуствуваа и Стојанче Ангелов и Фијат Цаноски.

Иако имаше обид, демонстрантите не успеаа да го пробијат кодронот од специјалци, па така зградата до зградата ан ВМРО-ДПМНЕ остана блокира.

„Еден ден ќе се срамите, штитите криминалци“, „Спуштете штитовите“, „Придружете се, не одете против народот“, им довикуваа граѓаните на специјалците.

Контрапротест пред штабот на СДСМ

Доцна вечерва пак, симпатизери на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, организираа собир пред седиштето на СДСМ на Бихаќка. Тие пак велат дека не се работи за контра протест, туку само бараат Заев да ги почитува одлуките на државните институции.

Фото: Мета
Фото: Мета

 

За СДСМ, Иванов го прогласи за мртов Пржинскиот договор, ВМРО-ДПМНЕ фрапирано од одлуката.

По обраќањето на Иванов на прес-конференција во седиштето на Бихаќка, Заев изјави дека со ваквата одлука, Иванов извршил државен удар.

Заев рече дека ниту бара, ниту прифаќа амнестија за него. Тој рече дека не се сите криминалци, а конкретно претседателот, има судир на интереси бидејќи случајот Титаник на СЈО токму докажува дека тој е избран на криминални избори.

И лидерот на ДУИ Али Ахмети побара Иванов одлуката да ја стопира, затоа што е избрзана и непромислена.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ пак, стигна соопштение во кое се вели дека партијата е фрапирано од одлуката на Иванов.

По скандалозната одлука на Иванов, стигнаа реакции и од меѓународната заедница. И во реакциајта ан ЕУ, и во реакцијата на американската амбасада се истакнува загриженост за одлуката на Иванов, која според нви го доведува до прашање владеењето на правото.

Реакција на Твитер стигна и од еврокомесарот Јоханес Хан.

„Денешната акција на претседателот Иванов не во согласност со моето разбирање на правната држава. Со оглед на овој развој, имам сериозни сомненија дали се се уште можни кредибилни избори. Политичките лидери мораат да знаат дека неодамнешните акции се сериозен ризик за евро-атлантската иднина на нивната земја. Демократијата значи компромис во служба на граѓаните. Ги повикувам сите политички партии да се вратат на преговарачката маса и да ја продолжат работата на реформите”, напиша Хан на Твитер.

Протестот пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ е завршен, со најава дека деновиве ќе се случи повторно. Пред СДСМ пак, иако е мирно, остануваат симпатизерите на владејачката партија.

Во продолжение, фотогалерија од протестот.

protest1

pr2

pr3

pr4

 

 

 

 

аболиција ВМРО-ДПМНЕ демонстранти Иванов протест СДСМ СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.