НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО ја зајакнува источната граница поради рускиот експанционизам

0
By Светлана Јовановска on October 27, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НАТО го зајакнува својот источен дел уверен дека е соочен со растечкиот руски експанционизам.

Министрите за одбрана на 28те земји членки на НАТО вчера во Брисел одлучија да испратат мултинационални батаљони во Полска и во трите балтички земји – Латвија, Литванија и Естонија.

Министрите исто така треба да разговараат околу зајакнување на военото присуство на НАТО во регионот на Црното Море во Романија, Бугарија и Турција.

Првичната одлука беше донесена на самитот на НАТО во Варшава во јули годинава. Источно-европските земји членки на НАТО на тој самит искажаат загриженост поради “експанционизмот” на Москва.

Русија исто така го зајакнува своето воено присуство на западот на руската територија.

НАТО планира исто така да го зајакне своето военото присуство во регионот на Црното Море – во Романија, Бугарија и Турција.

Така вчера во НАТО беше одлучено идната година да бидат испратени четири батаљони кои ќе бидат предводени од САД, Канада, Германија и Велика Британија.

Односите помеѓу Русија и НАТО се заострија по руската анексија на Крим во март 2014 година и можната поддршка што Москва им ја дава на про-руските сепратисти во Украина. НАТО-Русија односите се повеќе наликуваат на односите за време на студената војна.

Анексијата на Крим од страна на Москва ги разбуди духовите на студената војна. ЕУ воведе трговски санкции против Русија во 2014 година и тие се се уште на сила. Најголемиот страв се разбуди во балтичките земји – Естонија, Литванија и Летонија и во Полска. Тие стравуваат дека може да им се случи истото што му се случи на Крим, односно анексија на нивни територии на Русија или руски воен напад.

Русија есенва инсталираше ракети Искандер, способни да носат нуклеарни глави со дострел од 700 км, во Калининград, руска територија која се наоѓа помеѓу две земји членки на ЕУ и НАТО – Полска и Литванија. Според Вилниус, целта на Кремлин е да добие отстапки од западните земји за Сирија и Украина. Овој чекор, вели Вилниус, е нарушување на клучната повелба за нуклеарно оружје.

Русија вели дека станува збор за воена вежба која ќе продолжи во повеќе делови на Русија а Калининград не е исклучок, изјави руското министерство за одбрана.

Ова лето, во јуни, и НАТО не се воздржа од воени вежби на границата со Русија. Маневрите “Анаконда” на кои учествуваа 31.000 војници од 24 земји членки на НАТО се одвиваа во рамките на сценарио според кое НАТО се бори против замислен агресор наречен «Унија на Црвените» и кој има за цел да ги освои балтичките земји и Полска.

Новата одлука на НАТО за испраќање четири батаљони е само уште еден чекор во растечката тензија помеѓу САД и Русија.

Бугарија Летонија Литванија НАТО Полска Романија Русија Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.