Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК заврши, протестите завршија, на ред е Управниот суд

0
By Нова ТВ on December 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 18, 2016 11:22

Откако завршија расправите на Државната изборна комисија по приговорите на партиите СДСМ и Беса, партиите имаат 24 часа да поднесат жалби до Управниот суд за донесение одлуки на Комисијата.

Од приговорите, еден е прифатен на Беса, два приговора беа повлечени од СДСМ, а сите други се одбиени.

Управниот суд има 48 часа да донесе конечната одлука, за да се официјализираат резултатите од предвремените парламентарни избори на 11 декември.

ДИК прифати само еден приговор на Беса за неправилности при гласањето на избирачкото место 0396/1 во Гостивар. Според заклучокот, гласачката Фатиме Сулејмани не можела да го искористи своето право на глас затоа што претходно некој, во нејзино име, веќе гласал.

Оваа одлука беше донесена откако графолошката анализа покажа дека потписот во Ибирачкиот список на местото на Сулејмани, не бил нејзиниот.

Членови на избирачкиот одбор сведочеа дека Сулејмани се обидела по вторпат да гласа и дека на нејзиниот прст, при прегледот со УВ лампа, имало траги од спрејот со што имало сомневање дека таа веќе гласала.

Прегласувањето во ова избирачко место, кое брои над 800 гласачи, може да го смени конечниот резултат за освоени мандати од ИЕ 6, ако се знае дека таму разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е околу 300 гласа.

Сега одлуката “лежи“ кај Управен, кој пак беше лично повикан од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски да не подлегнува на никаков притисок.

Но сепак, Груевски потенцираше дека, доколку се прегласува, неговата партија нема да учествува и нема да ги признае гласовите.

„Ако со прегласување дојде до промена на мандатите и промена на победникот на изборите, ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае тие резултати и нема да дозволи да биде фалсификувана волјата на народот. Незаконските одлуки на ДИК може да ги корегира Управниот суд. Но, доколку и Управниот суд потклекне на влијанијата од страна и ги потврди незаконските одлуки на ДИК и со тоа ја одземе победата на ВМРО-ДПМНЕ и на македонскиот народ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување“, порача меѓу другото Груевски.

Дик избори Никола Груевски Управен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

ВЕСТИ June 19, 2026

Израел и Хезболах постигнаа договор за примирје којшто стапи во сила денеска во 16 часот…

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.