Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Червар: Видов и добри и лоши моменти, но како за прв меч беше добро

0
By Нова ТВ on January 3, 2017 СПОРТ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 3, 2017 21:23

Машката ракометна репрезентација на Македонија ја совлада БиХ со 28:24 во првиот од трите контролни средби во Скопје во рамки на подготовките за Светското првенство во Франција. Манасков беше прв стрелец со осум гола, по пет постигнаа капитенот Кире Лазаров и Стојанче Стоилов колку и Вегар и Овчина во гостинскиот состав. За утре и задутре се договорени уште два теста што ќе бидат затворени за јавност за разлика од вечерашниот во СРЦ „Кале“ што привлече околу 1.500 гледачи.

„Почнавме добро. Одигравме цврсто во одбрана што помогна да направиме разлика. Не реализиравме и неколку зицери и пенали. Да не заборавиме дека настапивме со 21 ракометар. Сите што беа во записникот, добија минутажа. Победа си е победа и секоја е добредојдена, но покрај добрите моменти имаше и лоши што треба да се анализираат и да се корегираат“, истакна Червар по средбата.

Иако селекторот Лино Червар најави дека резултатите ќе бидат во втор план, сепак, задоволство е присутно со оглед дека е прв меч по десетдневните тренинзи во Маврово. Шанса за настап добија сите играчи што ги повика Хрватот за оваа кампања. Македонија диктираше темпо, постојано беше во предност што не беше загрозена во ниту еден момент. На трипати во второто полувреме имаше и плус осум залиха што на крај беше преполовена како последица на пад на концентрација и честите замени на теренот, но и 19 интервенции на противничкиот голман, Буриќ.

Генералниот впечаток е солиден. Червар истакна задоволство од голманите, но покрај добрите страни истакна и лоши што тестот ги исфрли на површина. Ниту е строг во оценката бидејќи е само прв натпревар ниту пак е презадоволен да не дојде до опуштање.

 

БиХ Македонија Подготовки ракомет репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.