НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски синоќа го повика народот во одбрана, утрово три инциденти

2
By Влатко Чаловски on February 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По синоќешното интервју на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во кое повика да не се седи дома и народот на улица да ја спасува државата, бидејќи тој смета дека е нападната, се случија три инциденти на луѓе кои не се согласуваат со политиките на Груевски или се негови отворени критичари.

„Ако народот не си ја одбрани државата, тогаш ќе има проблеми. Ако сметаат и ако планираат со седење дома и гледање телевизија дека некој друг ќе ја одбрани државата, се во заблуда“, рече Груевски, повикувајќи го народот да ја покаже својата сила за како што вели тој, против двојазичноста, нападот на унитарноста и кантонизацијата.

Уметникот Златко Ориѓански, кој на социјалната мрежа Фејсбук не штеди зборови кога го критикува највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и отворено зборува за соживот помеѓу Македонците и Албанците, вели домот му бил излепен со специјално изработени двојазични пари, веројатно алудирајќи на неговото предавство кон земјава.

– Сношти некаде пред полноќ излегов да купам цигари. Кога се вратив назад, влезната врата од мојот стан беше сета излепена со налепници од овие таканаречени двојазични пари со некакви Албански херои, налепници со навредливи зборови за Албанциве, налепници некаде приготвени и отпечатени за таа цел. Повикав полиција и она што беше најкомично, едниот од полицајците што вршеше увид беше Албанец, та затоа прашувам, што требаше, да го избркам, да побарам да дојде некој друг? Полицијата беше апсолутно коректна и професионална. Цела среќа во сево ова е што не се сретнавме на скали со некој од разбојниците, но, некој се обидува да го турне населението во провалија, таа работа загрижува. Еден непромислен потег и сите ке завршиме во пекол, раскажува Ориѓански.

Кафе-барот „Излет“ пак, чиј сопственик беше во првите редови на Шарената револуција а воедно во неговиот објект се организираа акции за собирање средства за казнетите активисти од протестите кои се случуваа минатото лето, објави видео во кое се гледа дека искрешни се стаклата на „Излет“.

Утрово и пратеникот на СДСМ од Куманово, Максим Димитриевски се разбуди со вознемирувачки пораки пред својот дом. Како што објави тој, него го обвинуваат за „предавник“, бидејќи припаѓа на СДСМ, партијата која ги доби потписите од ДУИ по преговорите за платформата на албанските партии.

По синоќешното интервју, на социјалните мрежи исто така објавен е повик за т.н нов „Илинден“, од страна каде што најсвежата објава е од утрово. Во повикот се вели:

„Македонија е над сите интереси. Дојде време да го обзнаниме Четвртиот Илинден. Бараме ниту една политичка партија во Македонија да не ја потхранува и уважува дискриминаторската политика на одредени земји. Бараме ниту една политичка партија да не прифаќа платформи создадени за туѓи интереси, во туѓи држави, без изборен легитимитет чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме“, стои во повикот меѓу другото.

Собирот насловен како „Црвената линија ја поминавте, црвено-жолтата не“ е закажан за денес во 17 часот пред објектот на Владата.

 

 

двојазичност Инцидент кантонизација Македонија напад Никола Груевски протест собир Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.