Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети:За излез од кризата потребна е поширока дебата меѓу ВМРО и СДСМ

2
By Нова ТВ on February 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 2, 2017 22:13

За излез од оваа политичка криза, мислам дека ни треба поширока дебата, рече вечерва во интервју за тетовската телевизија „Арт“ лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој вели дека дебатата пред се, треба да биде меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба да разговараат меѓу себе. Се работи за доброто на земјата. Сметам дека за доброто на земјата треба да се воспостават линии за комуникации меѓу овие две партии“, рече Ахмети.

Коментирајќи го денешното соопштение на министерството за надворешни работи на Русија, Ахмети рече дека случајот е ист како со српскиот воз во Косово кој е подготвен во Москва.

„Евроатланстскиот пат е единствениот пат добар за Македонија. Но и Европа треба да ни помогне. Ние нема да донесеме финална одлука без да се консултираме со меѓународната заедница. И уште нешто. Сите треба да знаат дека ДУИ ќе донесе правилна одлука“, рече лидерот на ДУИ.

Во однос на средбата на лидерите на албанските политички партии со премиерот на Албанија, Еди Рама, вели дека на средбите не правеле нов Устав, туку некои прашања кои ќе придонесат за стабилноста на државата и за доброто на Албанците.

Претходно во интервјуто, Ахмети рече дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се согласиле за правење влада бидејќи партијата на Груевски не сакала да го прифати условот за продолжување на работата на СЈО.

„Главниот проблем се јави бидејќи ние поставивме некои услови. Ние се залагаме сите партии да го прифатат СЈО, а ВМРО-ДПМНЕ тоа не го  направи. Не можевме да брзаме со одлуката само затоа што некому му се брзаше. Не можевме да преземене незамислени чекори, се работи за иднината на земјата. Реков во некои медиуми дека Албанците нема да бидат разочарани. Имавме отворена внатрепартиска дебата и не можевме да отстапиме од петте барања кои ги имавме“, рече Ахмети одговарајќи на прашањето зошто пропаднаа преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ДУИ рече дека во неговата партија нема фракции и дека потпретседателите не отишле во СДСМ на своја рака.

„Ние не бегавме од ваквите средби. Јас знаев дека тие се отидени таму. Информациите дека во ДУИ има спротиставени ставови околу тоа со кого да коалицираме не се точни“, рече Ахмети.

Али Ахмети Влада ВМРО-ДПМНЕ интервју криза лидер мандат СДСМ СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.