Author: НОВА ТВ

Борбата против ковид – мерките се претвори во инцидент за борба за микрофонот. На вечерашниот протест против ковид – мерките пред Владата демонстрантите се раскараа меѓу себе, пренесе А1он. Додека еден од говорниците се обраќаше пред присутните една од присутните му се доближи на бината во обид да го презеде микрофонот и да се обрати пред демонстрантите. По ова, следуваа турканици, а жената беше отстранета од бината. По извесно време говорникот се тргна од бината, а на неа застана истата жена, која се претстави како уметник. Додека таа говореше демонстрантите и довикуваа погрдни зборови.  Извор: А1он

Read More

Се чекаат извештаите од терен за штетите од пожарите за да му се помогне на населението. Општинските комисии за проценка се на терен, некои веќе завршија со проценката и чекаат седници на советите за да ги усвојат и да ги достават до Владата. -За тоа имаме предвидено 100 милиони денари кои традиционално се буџетски резерви за оваа работа. Дополнително, веќе дадовме насока за проценка на штетите и очекуваме другата недела Национални шуми да ги достават извештаите, а истовремено дадовме насоки и за доопремување, рече премиерот Зоран Заев. Есенва ќе треба да се направи и масовно пошумување со садници на изгорените…

Read More

АМСМ информира дека регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица е нормализиран за секаков вид на сообраќај. Тој беше во прекин поради изведување градежни активности. Утре во прекин ќе биде патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с. Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање). Сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11:30 ч. – 14:30 ч. во времетраење од 15 – 20 минути. Од АМСМ известуваат дека на граничниот премин Табановце за излез од државата има чекање околу два часа. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од…

Read More

Заев на вториот круг од локалните избори очекува победа во 30 општини и во Град Скопје. По 35-те објавени кандидати за градоначалници, СДСМ ќе донесе одлуки и за кандидати за уште 35, меѓу кои се големи градови како Куманово, Струмица, Охрид, Битола… во десетина општини нема да има кандидати и ќе ги поддржи предлозите на партнерите во коалицијата, соопшти претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев. Во првиот круг од изборите очекува, како што рече, убедлива победа во 30 општини и во град Скопје односно во половина од местата каде што конкурираат директно со нивниот опонент. – Граѓаните се свесни…

Read More

Премиерот уверува дека имаме капацитет да ги сместиме Авганистанците. Нашата земја знае што значи солидарност и колку е важно на солидарноста да се врати со исто таква солидарност и разбирање на трагедијата на луѓето, рече премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Сител на прашањето за одлуката Северна Македонија да прифати одреден број граѓани на Авганистан. – Понудивме помош затоа што отсекогаш сме биле и ние солидарни и знаеме што  значи солидарност. Граѓаните треба да се сетат дека Авганистан учествуваше во изградбата на Скопје после катастрофалниот земјотрес и учествуваше во изградбата на Универзалната сала. Во поново време авганистанските граѓани работеа…

Read More

Има 8.675 активни случаи на Ковид – 19. Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје, Гостивар и Тетово. Починатите пациенти се на возраст меѓу 54 и 85 години. Досега во земјава вкупно се регистрирани 165.684 заразени, оздравеле 151.401 пациент, а починале 5.608 граѓани.  Во последните 24 часа се направени 6.256 тестирањa, а регистрирани се 1.158 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 353, Гостивар – 216, Тетово – 122 ,Кичево – 71, Струмица – 69, Куманово – 57, Струга – 42, Охрид – 30, Кавадарци – 26, Дебар – 20, Прилеп – 19, Штип – 15, Битола, Велес и Гевгелија – по…

Read More

Премиерот апелира до опозицијата да го поддржи Законот за лични карти. Во меѓувреме, тој најавува решение и за остварување на гласачкото право на граѓаните кои имаат неважечки лични карти. Тие блокираат, ние наоѓаме решенија. Секогаш ќе правиме максимум за решенија против блокадите што во Собранието ги прават Левица или ВМРО-ДПМНЕ кога блокираат закони и политики од секојдневен, животен интерес на граѓаните. Граѓаните не сакаат кочење, деструкции, уназадување, режим, напиша на својот „Фејсбук“ профил премиерот Зоран Заев. – Нема да дозволиме таквите политики, спротивни на интересите на граѓаните, да им ги спречуваат нивните основни права. И овој пат не дозволивме 40.000…

Read More

Од 9 часот утре ќе нема вода во скопската населба Маџир Маало. Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-2“ на Кеј 13 Ноември бб, со прекинато водоснабдување утре ќе бидат корисниците од Маџир Маало. Како што соопштија од ЦУК Скопје, по известување добиени од ЈП Водовод и канлаизација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите.

Read More

Ниту еден од шесттемина обвинети лица за случајот „Плацеви на Водно“ денеска во скопскиот Кривичен суд не признаа вина. Обвинителството Груевски го обвини за две кривични дела – перење пари и за противправно стекнување и прикривање имот. Камчев, неговата мајка и уште две лица се обвинети за перење пари, додека Мијалков за помагање при перење пари.  Бизнисменот Јорадан Камчев, кој е обвинет за случајот „Плацеви на Водно“ тврди дека не е виновен. Тој во скопскиот Кривичен суд денеска рече дека знае зошто го гони обвинителката Лиле Стефанова. –  Самиот факт дека е направен груб фалсификат од страна на обвинителот и…

Read More

Полицијата кај него нашла 2,5 килограми марихуана. Судија на претходна постапка од гостиварскиот суд, на скопјанец кој вчера беше лишен од слобода, му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Осомничениот е спроведен во КПУ Затвор Скопје. 41-годишниот С.З. кој привремено живеел во Гостивар е осомничен дека продавал марихуана. Кај него во станот вчера полицијата најде 2,5 килограми марихуана кои му ги одзема. Против него е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Осомничениот С.З. претходно веќе имал кривична пријава од СВР Тетово/ОВР Гостивар за дело поврзано со недозволена трговија со дрога според член…

Read More

Гани тврди дека го напуштил Кабул за да спречи крвопролевање. Авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој од завчера се наоѓа во егзил во Обединетите Арапски Емирати, денеска излезе со прва изјава по бегството од земјата и објасни дека го напуштил Кабул за да спречи крвопролевање и ги отфрли извештаите дека ја напуштил претседателската палата со голема сума пари. Гани беше жестоко критикуван од поранешните министри за напуштање на земјата кога талибанските сили во неделата влегоа во Кабул. – Да останев ќе бев сведок на крвопролевање во Кабул, рече Гани во видео пораката објавена на Фејсбук, што е негов прв јавен коментар…

Read More

Шумскиот пожар во околината на планинското село Вилија во северозападниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и понатаму не е ставен под контрола, а  противпожарните сили барем засега спречија, огнената стихија да стигне до куќите, иако неофицијално најмалку два објекти претрпеа штета, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарникарите ги очекува тешка ноќ, со оглед на тоа дека се активни повеќе жаришта во непрооден дел, а воздушните средства не интервенираат во мрак. Министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хрисохоидис вечерва информираше дека во справувањето со огнената стихија вклучени се 427 пожарникари со девет пешадиски тима и 149…

Read More