Author: НОВА ТВ Balaban

Денеска (06.12.2021) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во викенд куќа на Н.З. (47)  во с. Градмановци, Катланово, при што е пронајдена лабораторија за производство на марихуана, околу 200 саксии со насади, филтри за воздух и друга опрема за производство, околу два килограми марихуана. Н.З. е приведен и против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Read More

„Шеесет и пет отсто од економијата на Западен Балкан е поврзана со ЕУ, што ја покажува нивната логична ориентација“, рече Вархеи нагласувајќи во своето онлајн вклучување од Будимпешта и дека регионот е опкружен со земји од ЕУ. Македонија и Албанија постигнаа многу на полето на реформите и Брисел ги поддржува нивните напори, но доцнењето на нивната евроинтеграција влијае на довербата кон Европската унија во Западен Балкан, истакна еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Софискиот балкански форум насловен „Време е да се врати довербата“. Вархеји рече дека Бугарија и Македонија мора да ги решат отворените прашања и наскоро да започнат преговорите…

Read More

Невреме проследено со град, силен ветер и грмотевици вечерва околу 18:00 часот го зафати струмичко Ново Село. Според изјави на мештаните, градот паѓал околу 15 минути, а вакво невреме – со сув град – е невообичаено за овој период од годината. Автомобилите претрпеле најмногу штета од зрната град.

Read More

Почна средбата на премиерот Зоран Заев со коалициските партнери во Владата  на која ќе се разгледува договорот којшто Заев вчера го постигна со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Оваа партија од вчера е дел од владејачката коалиција и го окрупни  парламентарното мнозинство со четворица пратеници. Пред почетокот на средбата, Павле Трајанов од Демократскиот Сојуз истакна дека се прават пошироки консултации, по што ќе се донесе заеднички став. Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, рече дека за нејзината партија е важно да се види кои се програмските приоритети на новата Влада, а Тито Петковски – лидерот на НСДП, ќе се огласи во…

Read More

На настанот ќе учествува и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, како и главниот преговарач на македонската Влада со Бугарија, проф. Владо Бучковски, но и останати експерти. Во Софија вечерва почна Форумот за Западен Балкан, со наслов „Време е за враќање на довербата”, чиј домаќин е европратеникот Илхан Ќучук, а во тек е обраќањето на главниот преговарач на македонската Влада со Бугарија, проф. Владо Бучковски. Форумот ќе ги отвори клучните теми за Западен Балкан, се со цел да се дадат јасни насоки за преговарачкиот процес за пристапување на регионот во ЕУ. На настанот ќе учествува и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи,…

Read More

Буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација вклучува проекти посветени директно на граѓаните и дигитализација на државната администрација, информираа денеска од ресорното Министерство. Во 2022 година ќе се фокусираме на: Систем за управување со документи со документи – DMS (Поврзување на над 35 нови институции) Точка за услуги (Креирање на принципот на едношалтерскиот систем) Централен регистар на население Нови веб-страници на министерствата (Зголемена транспарентност на институциите, полесна комуникација) Зголемувањето на транспарентноста и квалитетот на услугите што ги дава државната администрација за граѓаните секогаш се на прво место. Според податоците коишто денеска беа презентирани, за проект наменет за Централниот регистар на население, в година…

Read More

На 06.12.2021 во 02.00 часот на ул.„Миле Поп .Јорданов” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ф.(30) и Е.Џ.Ш.(27), двајцата од САД,. Двајцата биле приведени затоа што претходно се однесувале агресивно и оштетиле дел од инвентарот во угостителски објект на наведената улица, а се обиделе и физички да го нападнат сопственикот. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Ова е втор инцидент со американски државјани, откако пред еден месец 42-годишен државјанин на САД бил приведен во Полициската станица Кисела Вода затоа што во хотел…

Read More

Северна Македонија е дел од Европа, културно, историски и економски дел од Европа и треба да имате столче на масата на ЕУ. Во тој поглед ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори да се покаже флексибилност во процесот на европски интеграции, како и продолжување на рефомскиот процес за тоа да стане реалност, рече Ескобар. Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и специјален претставник за Западен Балкан, , Габриел Ескобар, ја завршува официјалната посета на земјава.  Прв домаќин на високиот гостин од САД во земјава му беше шефот на дипломатијата, Бујар Османи. – САД изразуваат силна поддршка за брза…

Read More

Во Агенцијата за лекови и медицински средства, МАЛМЕД се пријавни вкупно 231 несакан ефект по примени вакцини против ковид-19, а двајца лекари во април и септември пријавиле несакани реакции за смртен случај поврзани со употребата на вакцините, изјави раководителката на сектор во МАЛМЕД Меријем Хаџихамза на денешна онлајн средба со новинарите. На средбата присуствуваше и в.д. директорот Љирим Шабани. Двете пријави за смртните случаи се однесуваат на лица на 53 и 85 годишна возраст, но дека за нив не е докажана поврзаност со употреба на вакцините, односно дека станува збор за сомнежи и неофицијални податоци. Хаџихамза наведе дека пријавите на…

Read More

Премиерот во заминување Зоран Заев  успеа да го стабилизира владејачкото мнозинство со 64 пратеници, но новиот состав на владата во кој Алтернатива ќе има тројца министри и тројца заменици-министри и други високи позиции покрена лавина спротивставени реакции не само во политичката јавност, туку и кај коалициските партнери кои допрва, како што најавуваат, ќе бараат отчет за договореното со лидерот Африм Гаши. Наспроти поддршката што ја добива договорот Заев – Гаши во контекст на престојните клучни чекори во евроинтеграциските процеси на земјава, се засилуваат и реакциите и критицизмот дека Алтернатива доби прескап подарок кој нема да гарантира политичка стабилност на долг…

Read More

Намерата што ја објавија Фајзер и Модерна, дека за околу 100 дена ќе ги ажурираат своите вакцини специфично за омикрон изгледа убаво, но искрено, не е практична! Зошто? Затоа што, додека да дојдат вакцините, практично сите ќе бидеме заразени со омикрон, со оглед на високата заразност. Но, нема место за вознемиреност! Ако се покаже, како што веќе полека се наѕира, дека омикрон предизвикува благи симптоми, тоа значи дека нова вакцина нема ни да ни треба, вели проф.д-р Драган Даниловски во интервјуто за НОВАТВ Дали сојот омикрон е навистина голема закана за човештвото? Треба да сме подготвени и претпазливи, но нема…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 135, Битола – 35, Велес – 17, Прилеп, Кавадарци и Берово – 16, Охрид – 15, Куманово – 13, Струмица – 10, Штип – 9, Кочани и Гевгелија – по 8, Свети Николе и Ресен – по 6, Радовиш и Валандово – по 5, Делчево – 4, Гостивар, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Тетово, Струга, Виница, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по…

Read More