Author: НОВА ТВ Balaban

Кутра жена, стоеше на нозе кога напаѓачот и дојде од зад грб. Имаше капа на глава, нешто викаше и извади нож. Ужасно! Ја прободе неколку пати. Сѐ уште сум во шок!, изјавува девојка, сведок на настанот. Жена е нападната во Лидл Маркет во Сплит, попладнево околу 15 часот, а починала како последица на повредите со нож кои и биле нанесени од страна на маж, кој, според хрватските медиуми, и бил партнер. Медиумите објавуваат дека маж ја нападнал вработената во Лидл пред очите на купивачите. – Ја уби со повеќе убоди притоа неконтролирано викајќи – велат очевидци. Полиците и подот биле…

Read More

Во текот на годината има вкупно шест случаи на незгоди во кои биле прегазени диви прасиња, а има и примери со зајаци, мачки и една мечка. Во текот на изминатиот викенд и неколку дена претходно тетовската полиција бележи три сообраќајки незгоди на автопатот Тетово-Скопје, за кои причина било движење по коловозната лента на диви животни. Во овие три невообичаени случаи, сите на автопатот околу Групчин, станува збор за диви прасиња во кои удриле возила, а кои поминале само со материјална штета и без повредени луѓе. – Во овој реон и покрај заштитната ограда тие успеале да влезат на коловозот и…

Read More

Вчера околу 12:10 часот на автопатот на влез за Скопје, пред клучката Ченто се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(60) од Скопје и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР. Во  незгодата со повреди се здобиле двајца полициски службеници, на кои им била укажана помош во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Read More

Мерката ќе стапи на сила на 16 јануари и нема да има исклучоци, освен за лица кои не можеле да ја примат вакцината поради медицински причини. Грција денеска соопшти дека со 100 евра ќе ги казни лицата на возраст од 60 години како и постарите кои не ја примиле ниту првата доза од вакцината против ковид-19, пренесуваат медиумите во регионот. Ова известување доаѓа во време кога Грција е погодена од новиот ковид бран и кога се зголемува бројката на новозаразени со коронавирус, објави Ројтерс. Мерката ќе стапи на сила на 16 јануари и нема да има исклучоци, освен за лица…

Read More

Се движела со сопругот кога згазнала на шахтата, металните капаци се поместиле и таа се струполила од височина од околу три метри. Бремена жена паднала во шахта во близина на Централната пошта во Софија, пишува „БНТњуз.бг“.Жената имала 38 години. Се движела со сопругот кога згазнала на шахтата, металните капаци се поместиле и таа се струполила од височина од околу три метри. Жената веднаш била пренесена во Пирогов, каде лекарска екипа ја прегледала, пренесуваат бугарските медиуми. Полицијата врши увид на лице место. Пристигна и екипа од општина Софија.

Read More

Во моментов во земјава престојуваат 505 авганистански граѓани. Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Северна Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета земја како нивно трајно прибежиште. Нашите институции, во текот на привремениот престој овде им ја овозможија целата потребна поддршка, а трошоците беа покриени од меѓународните организации. Овие цивили беа спасени во големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во Авганистан. Во моментов во…

Read More

Рокот на проверка на државјанството на поранешниот министер за економија, познат и како идниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, е продолжен до средината на декември. Kон крајот на август обвинителството беше известено по електронска пошта дека тој има и бугарско и канадско државјанство. Петков е под истрага поради двојното државјанство, бидејќи истото не го пријавил. Обвинителството соопшти дека истрагата против Петков трае речиси еден месец по формирањето на владата и еден ден откако Уставниот суд објави дека копретседавачот на „Продолжуваме со промената“, имал двојно државјанство на 10 мај кога со претседателски декрет е именуван за министер. Но, тој изјавил дека…

Read More

На 28.11.2021 во 14.50 часот на регионалниот пат помеѓу село Подмолје и влез за  автокампот „Андон Дуков”, патничко возило „ландровер”, со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(76) од Струга излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката С.Т.(75) од Струга, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо”. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Охрид.

Read More

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена Омикрон, може да укажува дека истиот потекнува од пациенти со ХИВ или некоја друга форма на имунодефициенција, изјави германскиот имунолог и секретар на Германското здружение на имунолози, Карстен Вацл. Тој смета дека оваа претпоставка е веродостојна и истата ја поткрепува со слични истражувачки резултати откриени во други медицински случаи. ХИВ е вирус на хумана имунодефициенција, а името го добил од англискиот назив Human Immunodeficiency Virus. Предизвикува уништување на одбранбениот систем на организмот и доведува до појава на разни болести. Имунодефициенција е слабост и неспособност на…

Read More

Eден од играчите, како што пренесуваат медиумите, бил во Јужна Африка и тој е причината за појавувањето на новиот сој „Омикрон“. Токму поради тоа натпреварот Белененсес против Бенфика во саботата го започна со деветмина, од кои двајца беа голмани. Здравствените власти во Португалија соопштија дека е откриена новата варијантна на коронавирусот кај 13 фудбалери и персоналот на Белененсес. Еден од играчите, како што пренесуваат медиумите, бил во Јужна Африка и тој е причината за појавувањето на новиот сој Омикрон. Поради тоа, Белененсес во саботата го започна натпреварот против Бенфика со деветмина од кои двајца беа голмани. На полувреме Беленесес губеше…

Read More

Ова е втора средба на Заев и Гаши, откако на 19-ти месецов тие разговараа за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи. Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши попладнево пристигнаа во Клубот на пратениците на разговори за вклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство. Ова е втора средба на Заев и Гаши, откако на 19-ти месецов тие разговараа за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи. Централното претседателство на Алтернатива во петокот…

Read More

Итна средба на министрите за здравство на седумте најразвиени земји во светот треба да се одржи денеска, пренесуваат медиумите во регионот. Состанокот го свика Велика Британија која заседава со Г7 и која е меѓу се поголемиот број земји во кои се откриени случаи на новата варијанта на ковид-19, Омикрон, која содржи бројни мутации. Европскиот центар за превенција и контрола на болести предупреди дека новиот вид е поотпорен на вакцините и се шири побрзо, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека на производителите на вакцини им требаат две до три недели „ да добијат потполна слика за…

Read More