Author: НОВА ТВ Balaban

Премиерот на Косово, Албин Курти, не добил виза за посета на САД, пренесува „Косово пост“. Веста дека Албин Курти добил негативен одговор на барањето за виза за овој портал ја потврдиле и соработниците на премиерот на Косово. Според порталот, на Курти визата му била одбиена од „најмоќната земја во светот, односно „ко-спонзор“ на раѓањето и изградбата на Косово. Порталот „Косово онлајн“ пренесува:  „Косово пост“ наведува дека на Курти не му помага ниту големата поддршка на граѓаните на Косово да ги „отвори вратите на земјите во светот“.

Read More

Тој не исклучи и нова распределба на владините ресори и нови министерски имиња Најавената оставка на премиерот Зоран Заев ќе биде доставена во Собранието деновиве, до средината на наредната недела веќе ќе биде познато и името на новиот мандатар. За 10 дена веројатно ќе се избере и нова влада. Оваа динамика на политичката сцена по неделните избори, но и дилемите дали Заев ќе се повлече дури пред Нова година, вечерва ја најави владиниот партнер на Заев – лидерот на ЛДП,  Горан Милевски. Тој не исклучи и нова распределба на владините ресори и нови министерски имиња, објави телевизија Сител. Милевски потврди…

Read More

Одиш за Бугарија, ти даваат сертификат, го проверуваш името, ти го подготвуваат, проверуваш дали е сè точно, плаќаш и си одиш, објаснува посредникот за ЕРТ и додава дека проверката се врши со скенирање на кодот, се појавува точното име на заинтересираното лице и зелен знак дека е завршена вакцинацијата. Грците кои не сакаат да се вакцинираат, но сакаат да имаат сертификат за вакцинација, нелегално, по цена од 300 евра вадат европски сертификати во Бугарија, без воопшто да се вакцинираат, објави грчката државна телевизија ЕРТ, пренесувајќи сведоштво на еден од посредниците меѓу грчките државјани и бугарската мрежа, јави дописничката на МИА…

Read More

Во Полициската станица во Кавадарци вчера 54 -годишна кавадарчанка пријавила дека околу 9 часот  во нејзината канцеларија во основно училиште била физички нападната од 53-годишник, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Шест приговори од Коалицијата предводена од СДСМ, кои се однесуваат на постапката за гласање, односно постапката за сумирање и утврдување на резултатите на избирачките места 2966/1 и 2958/1 во општина Шуто Оризари, избирачкото место број 1612 во општина Конче и избирачките места 835, 874 и 865 во општина Кочани. До денеска, 2 ноември, заклучно со 15 часот, до Државната изборна комисија поднесени се вкупно 13 приговори, и тоа: – седум приговори од подносителот политичка партија ТМРО, кои се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане и – шест…

Read More

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, вчера и денеска заедно со претседателот Стево Пендаровски учествува на Светскиот лидерски самит, во рамките на климатскиот самит #COP26 во Глазгов, каде заедно со лидерите на државите во светот се презентираат националните климатски амбиции и акции, информираа од Канцеларијата за комуникација на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во повеќедневната програма на климатските преговори, Министерот Нуредини ќе учествува и на различни тематски настани, каде беше поканет да го претстави ревидираниот национално определен придонес на Република Северна Македонија, препознаен како еден од поамбициозните ревидирани придонеси кон Договорот од Париз. Со овој…

Read More

Храброста, сепак, не се наградува, или во најдобар случај ѝ беше доделена утешна награда – членство во НАТО. Но, Заев не ја оствари својата основна политичка цел – почеток на преговорите за влез во ЕУ. Не е тој виновен. Напротив, оценува весникот. Поразот на Зоран Заев на локалните избори може да се смета и како пораз на ЕУ и нејзината политика за проширување кон Западен Балкан, а тоа е и лош предзнак за реформите кои и се неопходни на Северна Македонија, ги сублимира Дојче Веле оценките на печатот во Германија и Швајцарија. – Во мај 2017 година, Зоран Заев стана…

Read More

Ако работите останат исти, името на премиерот не е толку важно. Граѓаните ни кажаа – вака не треба да се работи, треба да менуваме нешто во начинот на работа. Ако останат работите исти, тогаш нема причина да си дава оставка. Сметаме дека неговиот чин значи дека сака да се трансформира СДСМ и Владата, рече Милевски. Ќе има нова влада сега, премиерот си даде оставка, значи Владата е во оставка. Не може да си замине премиерот, а да останат министрите, бидејќи тие се на предлог на премиерот. Ќе има нова влада која ќе биде избрана во Собранието, изјави претседателот на ЛДП,…

Read More

До денеска, 2 ноември, заклучно со 10 часот, до Државната изборна комисија поднесени се седум приговори од подносителот политичка партија ТМРО,  информираа од Државната изборна комисија. Приговорите се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане.

Read More

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и Интернационалната фондација за изборни системи денеска потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот произлегува од заемниот интерес за зајакнување на меѓусебната соработка, со цел поддршка на Кабинетот на претседателот во реализација на активности кои се спроведуваат во рамки на Претседателскиот центар за политичко образование, соопшти Кабинетот на претседателот. Активностите заеднички ќе се реализираат во неколку области, односно, спроведување истражувања, подготовка на анализи, организирање на едукативни семинари, јавни дебати и конференции. Меморандумот го потпишаа генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски и Иоана Косма, резидентен директор на Интернационалната фондација за изборни системи.…

Read More

Наградата е освоена во силна конкуренција на 28. 217 учесници од 161 земја.Со прозни лични творби напишани во форма на есеи на тема „Смислата на животот“ училиштето на овој реноимиран меѓународен натпревар го  претставуваа три ученички, координирани од предметниот наставник по германски јазик, Стефан Симовски. Седмоодделенката Лара Станчева од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје, го освои третото место на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2021 кој традиционално се одржува во јапонскиот главен град Токио. Како што информираат од училиштето „Лазо Трповски“, наградата е освоена во силна конкуренција на 28. 217 учесници од 161 земја. Со прозни лични творби напишани во…

Read More

Тој патуваше сам и седеше до прозорецот. Веројатно ја потпрел главата на прозорецот и ги затворил очите, поради што сите мислеле дека спие, изјавиле од полицијата. Посадата на патнички авион кој летал на релација од Истанбул до Хамбург при слетувањето забележала дека еден од патниците починал, а за кој подоцна било утврдено дека бил заразен со ковид-19. По слетувањето на аеродромот во Хамбург, откако сите патници го напуштиле авионот, еден патник останал на своето место, па, според пишувањето на весникот „Велт“, посадата дури тогаш забележала дека тој е починат. Станува збор за 51-годишен патник кој самостојно влегол во авионот за…

Read More