Author: НОВА ТВ Balaban

Шест лица вчера се пренесени в болница со знаци на труење. Сите пиеле пијалоци кои се наоѓале во заедничката кујна на еден оддел на универзитетот. Еден 30-годишник е во критична состојба. Полицијата во германскиот град Дармштат денеска започна истрага поради труење на шест студенти и доценти на Техничкиот универзитет во овој град, на кои им се слошило откако пиеле вода и млеко од кујната на еден од одделите. – Истрагата се спроведува забрзано и правиме сe што можеме за да го пронајдеме сторителот или сторителите, изјави портпарол на полицијата во Дармштат. Шест лица вчера се пренесени в болница со знаци…

Read More

Британски „Дејли Мејл“ објави видео на кое се гледа Назар Мухамед, познат како Каш Зван, во автомобил со вооружени исламистички милитанти. Талибанците го извлекле од неговиот дом, го одвезле со автомобил, а потоа го застрелале. Талибанците, кон крајот на јули, откако го освоија вториот по големина авганистански град, Кандахар, погубија познат авганистански комичар, кој преку песна и танц ги исмевал на Тик-Ток. Британски „Дејли Мејл“ објави видео на кое се гледа Назар Мухамед, познат како Каш Зван, во автомобил со вооружени исламистички милитанти. Талибанците го извлекле од неговиот дом, го одвезле со автомобил, а потоа го застрелале. По погубувањето се појавиле фотографии на…

Read More

Станува збор за матуранти кои во средината на месецот беа во грчките одморалишта, главно на островот Крф. Меѓу нив, 42 позитивни за коронавирус веќе се потврдени, а 10-дневен карантин е одреден за повеќе од 600 лица , вклучително и контактите кои ги имале во Словенија. Словенечките здравствени власти повторно предупредија на ризикот од патување во епидемиолошки црвени дестинации во Европа, откако биле откриени нови инфекции со ковид-19 кај повеќе од 600 млади и нивните придружници кои биле на екскурзија во Грција. – Станува збор за матуранти кои во средината на месецот беа во грчките одморалишта, главно на островот Крф. Меѓу…

Read More

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т.(59) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 06.05.2021, пријавениот коментирал на објава на портал, при што ширел и промовирал насилство и поттикнувал омраза кон група или поединец.

Read More

На 22.08.2021 во СВР Скопје, Н.Е.(59) од с.Страчинци, скопско, пријавил дека околу 01.30 часот, додека управувал патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, во близина на игралиште на подрачјето на Шуто Оризари, бил удрен од непознато возило од кое излегле М.Б.(36) од Скопје и неговиот син и физички го нападнале. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Read More

Агенцијата нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку континуираните структурни реформи ги зајакнат институционалните капацитети истовремено зачувувајќи ги одржливите фискални политики. Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед. Стабилниот изглед како што се нотира во извештајот кој го објавува кредитната агенција за РС Македонија, ги рефлектира очекувањата дека проектираното економско заздравување на нашата држава ќе помогне во лимитирање на фискалниот и надворешниот дефицит во следната година. Агенцијата нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку континуираните структурни реформи ги зајакнат институционалните капацитети истовремено зачувувајќи ги одржливите фискални политики. Аспирациите за пристапување…

Read More

Германија може да го реши проблемот само со квалификација на неквалификуваните работници и лицата чии работни места се изгубени поради технички промени, дозволувајќи им на женските принудни хонорарни работници да работат подолго – и пред се, со внесување имигранти во земјата, изјави Шиле. На Германија ѝ требаат годишно околу 400.000 квалификувани имигранти за да го надомести недостатокот на работна сила, изјави шефот на Федералната агенција за вработување (БА), Детлеф Шиле, пренесе ДПА. „За мене ова не се однесува на азилот, туку на насочената имиграција за празнините на пазарот на трудот“, изјави Шиле за дневниот весник „Зидојче цајтунг“. „Од нега и…

Read More

Извршен е увид од јавниот обвинител и полицијата и веќе се трага по виновникот или виновниците за оваа хаварија. Нивната „операција“ е најверојатно и снимена со надзорна  камера. Голема трагедија била избегната утринава во тетовската болница каде некој ги оштетил споредните цевки од системот за централен дотур на кислород, кои што го снабдуваат ургентно-дијагностичкиот центар.  Но, таму за среќа немало пациенти и тоа е позитивната околност. Снабдувањето со кислород на пациентите во ковид-одделенијата пак било преку главната цевка и немало застој. Извршен е увид од јавниот обвинител и полицијата и веќе се трага по виновникот или виновниците за оваа хаварија.…

Read More

Во третото последно продолжение од разговорот на Борјан Јовановски, професорот Владо Поповски зборува за опструкциите на процесот на потпишувањето на Охридскиот договор Нова ТВ: Во 2001 година со почетокот на војните во Косово се јави прелевање на војната во Македонија. Дали сметате дека е ова случајно? Поповски: Јас не верувам дека ова беше случајно. Бидејќи УЧК беше дел од ОНА. Второ,  Јакуп Красниќи беше портпарол на ОНА и на косовската власт на ОНА кога ги прозива задолжените за делот на Македонија? Што чекаат зошто се пасивни, чекаат они да го дигнат востанието во Македонија ? И тогаш во Танушевци, двајца…

Read More

Ја молев опозиција да биде на крајот на мај или барем на почетокот на јуни, но најголемата опозициска партија побара лидерска средба со барање за одложување на пописот за септември. Им рековме никој не знаеме во септември што ќе се случи, еве го септември доаѓа, на врата ни е, бројките се над илјада, потенцира Заев Како наближува 5 септември, денот на почетокот на пописот, сѐ повеќе и повеќе се пополнува бројот на попишувачи, посебно во оние региони каде што немаше, порача денеска премиерот Зоран Заев. – Ја користам приликата уште еднаш да апелирам до граѓаните да се пријават – едноставно…

Read More

Министерот информира дека за пациентите од Кичево и од Струга на располагање се болниците во Прилеп и во Битола, а за Гостивар и Тетово болничките центри во Скопје. Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција соопшти дека околу 700 пациенти се хоспитализирани во болниците поради компликации од ковид-19.  – Најголем број на пациенти се во болниците во Тетово, каде има 110 пациенти, 90 пациенти во болницата во Гостивар, околу 35-36 пациенти во болницата во Струга, 40-тина пациенти во болницата во Кичево. И тоа се болници во кои со директорите сме во континуирана комуникација, а со цел за секој пациент…

Read More

Антонијевиќ е автор на филмот „Дара од Јасеновац“, а пред извесно време го обвини Бјелогрлиќ дека му понудил поткуп на почетокот на 2016 година за да го поддржи филмот „Есента на самураите“. Актерот Драган Бјелогрлиќ е приведен под сомнение дека околу 4 часот утрово во нишкиот хотел „Амбасадор“ го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ и го удрил неколку пати во главата, дознава „Блиц“. Бјелогрлиќ, како што дознава „Блиц“, е во нишката полиција, каде чека да даде изјава. Во меѓувреме, се појави и видео од тепањето на Антонијевиќ. Антонијевиќ е автор на филмот „Дара од Јасеновац“, а пред извесно време го…

Read More