Author: НОВА ТВ

Министерството за образование и наука информира дека право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари ќе имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните и на приватните високообразовни установи. Оваа финансиска поддршка ќе почне од октомври годинава. За да ги добијат средствата, студентите покрај тоа  што треба да се државјани на Република Северна Македонија, не треба да се во редовен работен однос; да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година. Правото на субвенциониран студентски оброк ќе…

Read More

Селекторот на шпанската репрезентација, Луис Енрике, откако беше поразен од Италија синоќа во полуфиналето на ЕВРО 2020, истакна дека неговите избраници заслужуваат одлична оценка. – Ако треба да ги оценам моите играчи, мислам дека заслужуваат одлична оценка.  Мислам дека сите играа одлично. Без поплаки – само пофалби. Време е тие да се одморат. Дали сите забележаа успех како на пример 18-годишниот Педри на ова Европско првенство? Никој претходно не успеал – дури ниту Андрес Иниеста. Ние внимателно ќе го следиме овој млад човек, истакна Енрике. Вториот финалист на ЕВРО 2020 ќе биде одреден по мечот Англија – Данска, што ќе…

Read More

Двонеделниот локдаун во најголемиот австралиски град Сиднеј ќе биде продолжен за уште една недела, со цел да се спречи ширењето на заразниот делта сој на коронавирусот, објавија локалните медиуми. Сиднеј, каде живее една петтина од 25 милиони жители на Австралија, се бори со најсилниот бран на пандемијата оваа година. Вкупниот број на заразени надмина 330 лица откако беше регистриран првиот случај на инфекција пред три недели. Властите во државата Нов Јужен Велс на 26 јуни воведоа строга блокада за да се запре ширењето на делта мутацијата. Забраната за напуштање на домовите требаше да биде укината во петокот, но сега ќе…

Read More

На агендата на словенечкото претседателство со Европската Унија во наредните шест месеци приоритет ќе се стави на проширувањето и соработката со Западен Балкан. Ова денеска во Европскиот парламент го вети словенечкиот премиер Јанес Јанша. Релната европска преспектива за граѓаните од Западен Балкан ќе биде потврдена на самитот на ЕУ во октомври кој ќе се одржи во Словенија, најавува Јанша. – Наша цел е да ја потврдиме, разбудиме и охрабриме европската перспектива за земјите од Западен Балкан. Ова ветување го дадовме на самтитот во Солун во 2003 година, ако успееме да го направиме тоа ќе покажеме дека сме стратешки актери, во…

Read More

Македонско друштво „Илинден“-Тирана дава целосна поддршка за Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се заштитат „националните интереси во спорот за македонскиот јазик, идентитет и историја што Бугарија ѝ го наметна на Северна Македонија пред преговорите со ЕУ“. Според друштвото, Резолуцијата ги содржи националните црвени линии од кои ниту една Влада не смее да отстапи. – Во создавањето на текстот на Резолуцијата свој придонес имаат МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Таа ги содржи националните црвени линии, околу кои не смее да има компромиси и од кои ниту една влада не смее да отстапи. Ги повикуваме сите политички партии во татковината Македонија,…

Read More

Владата останува најголем поддржувач на домашните компании и партнер на бизнис заедницата во креирањето и спроведувањето на економски политики со цел обезбедување подобри услови и подобри закони, раст на БДП и отворање нови работни места, рече премиерот Зоран Заев на денепната попладневна повеќечасовна работна средба во Стопанската комора на Северна Македонија. Заев на средбата која се реализира на покана на Комората, беше со својот економски тим: вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-министерот за економија Зоран Маневски и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. -Сакам денеска да ви испратам порака, дека од Владата…

Read More

Има големи шанси делта сојот да стане доминатен во светот, Европа, па и во Македонија во наредните неколку месеци, смета докторот Горан  Кунгуловски. Според него, тешки месеци се во прашање за оние кои не се вакцинирани или пак не го прележале вирусот. – Голем број на студии досега укажуваат дека овој сој на SARS-CoV-2 се пренесува побрзо од алфа сојот (барем 50 проценти, а претходно алфа сојот се пренесуваше барем 50 отсто побрзо од D614G сојот кој пак се пренесуваше за 20-30 посто побрзо од изворниот Wuhan-ски сој, пишува Кунгуловски на ФБ. Ваквиот став на докторот следи откако во земјава…

Read More

Владата на денешната седница го утврди Предлог-законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од корона вирусот врз производството на тутун. Со законот се уредуваат условите, корисниците и цената, како и постапката за доделување финансиска поддршка за откупот на тутун од ланската реколта. -Со оглед дека не се работи за обемен и сложен закон, согласно член 170 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, како и во интерес на производителите на тутун, Владата го достави предложениот текст на усвојување по скратена постапка, информираа од Владата. Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа вчера информираше дека Предлог-текстот е во финална процедура,…

Read More

Завршните зборови за нарачателите на крвавиот четврток од 27 април 2017 година продолжуваат на 12 јули во скопскиот Киривичен суд. Идната недела предвидено е свој завршен збор да дадат поранешните министри Спиро Ристовиски и Миле Јанакиески, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски, кои исто така се обвинети. Денеска во својот завршен збор поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, кој во тоа време беше претседавач на конститутивната седница, наведе дека тој ден бил посветен во завршување на самата седница, но и дека обвинението против него е паушално. Одбраната пак смета дека обвинетите не може да се…

Read More

Владата на денешната седница донесе одлука да се одобрат 40 000 евра за 80 лиценцирани туристички водичи како финансиска поддршка од ковид кризата, а да се опфатени во шестиот пакет мерки на Владата. На туристичките водичи ќе им се исплати еднократна финансиска поддршка од 30 750 денари. – Како дел од шестиот пакет анти-ковид мерки, врз основа на информацијата за спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на компании – оператори од индустријата за организација на настани, Владата денеска донесе одлука на 33 економски оператори од оваа дејност што ги исполнуваат условите утврдени во јавниот повик, од вкупно 45 апликации, да…

Read More

Ниту еден од ковид позитивните пациенти кај кои е изолиран делта сојот не е вакциниран за Ковид – 19, соопшти министерството за здравство. При епидемиолошките анкети со пациентите здравствените работници утврдиле дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина. – Од вкупниот број позитивни пациенти, кај кои е утврдено присуство на делта сој, само еден е во многу тешка состојба. Станува збор за  пациент, кој 8-9 дена откако појавил симптоми на Ковид 19, одбивал да оди на лекар и бил во домашна изолација. Во моментов се вршат епидемиолошки анкети на останати членови од семејството на двајца од хоспитализираните…

Read More

Владата денеска на седница ја разгледа инфомацијата за формирање работна група која ќе ги разгледува евентуалните можности да се прошири опфатот на ранливите потрошувачи на струја во Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија. За таа цел, Владата задолжи неколку институции да формираат Работна група која ќе ги разгледува овие можности. – Владата ги задолжи Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство, Управата за јавни приходи и Министерството на финансии и се укажува на Регулаторна комисија за енергетика, ЕВН ХОМЕ, и Електродистрибуција, да номинираат по еден член и заменик член во Работната група, а Министерството за труд и…

Read More