Author: Mirjana

Главниот басист на култната рок-група „Зи-зи топ“ Дасти Хил, почина во својата  72 година од животот. Смртта настапила во сон во неговиот дом во Хјустон, Тексас, САД.  Веста за неговата смрт на Фејсбук ја објавија членовите на групата. Хил бил  роден на 19 мај 1949 година. Тој свиреше бас-гитара со бендот, пееше придружни и главни вокали и свиреше на клавијатури. Беше вклучен во таканаречената  „Рокенрол сала на славните“ како член на „Зи-зи топ“, во 2004 година.

Read More

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз,  со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, вчера попладнето посетиле неколку знаменитости во градот и откриле неколку спомен обележја. „Во сеќавање на американското училиште за девојки во Битола и американската воспитувачка и мисионерка Мери Луиза Метјуз 1888-1920. Мери Метјуз ќе биде запаметена како една од хероините која наместо да си замине, избра да остане и да им биде подддршка на жените во тешките времиња“, стои на спомен плочата, која свечено беше откриена од страна на градоначалничката Петровска и амбасадорката Брнз на локацијата, на која за време на Првата светска војна, постоело американското училиште. Пред Американското…

Read More

Што се однесува на Гугл, обврската ќе стапи во сила следните недели во САД, а потоа ќе опфати и други региони во светот, рече извршниот директор Сундар Пичаи. Тој појасни дека правилото нема да важи во земјите каде што тешко се добиваат вакцини. Исклучоци се предвидени и за луѓе кои не можат да се вакцинираат од медицински причини. Слично на тоа, Фејсбук ќе бара „секој што ќе дојде во еден од нашите кампуси во САД да биде вакциниран”, изјави Лори Голер, потпретседател на компанијата. Во јуни, социјалната мрежа објави дека вработените кои сакаат да работат со полно работно време од…

Read More

Поради тоа што неколку области во земјава од денеска до крајот на викендот, ќе бидат зафатени од екстремно жежок бран и ќе бидат означени со симболиката за означување портокалова фаза, македонската влада донесе препораки за заштита од топлото време. Според препораките, се ослободуваат од работните обврски најранливите групи на населението, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Исто така, во установите за згрижување на деца да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и…

Read More

Заев: Поблиску од кога било. За граѓаните. За народите. За иднината. За нашиот европски Балкан. Вучиќ: This is a big step into the future!   Ова е голем чекор во иднината! Рама: Skopje – In the vigil of the Economic Forum ′′ Open Balkans ′′   Скопје -Во бдеењето на Економскиот форум „Отворен Балкан“ Ова се пораките на премиерот Заев, српскиот претседател Вучиќ и на албанскиот премиер Рама, испишани над колекцијата фотографии од неформалното дружење во пресрет на Економскиот регионален форум вчера попладнето во Скопје и на заедничката вечера. …

Read More

На иницијатива на македонскиот премиер Зоран Заев, на српскиот претседател Александар Вучиќ и на албанскиот премиер Еди Рама, а со поддршка на Стопанските Комори на трите земји, денеска во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка. Форумот почнува со воведни обраќања на Заев, Вучиќ и на Рама а потоа следува економскиот панел во кој со свои говори ќе партиципираат и претседателите на Стопанските Комори на трите земји Бранко Азески,Марко Чадеж и Инес Мукостепа. На регионалниот економски форум во Скопје ќе биде променето името на иницијативата „мини Шенген“ а најавено е присуство на повеќе од 300 компании од Македонија,…

Read More

Денеска се одбележува 70 годишнина од Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951г., клучен меѓународен договор. Од УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, велат дека наново  правење заложба кон духот и фундаменталните принципи на Конвенцијата, денес е поитно од кога и да е. „Конвенцијата продолжува да ги штити правата на бегалците насекаде низ светот,“ изјави Филипо Гранди, Висок комесар за бегалци при Обединетите Нации. „Благодарение на Конвенцијата, милиони животи се спасени. Седумдесет  години откако е напишана, клучно е меѓународната заедница да ги брани нејзините принципи.“ Тој алармираше за скорешните обиди на некои влади да не ги почитуваат или да ги…

Read More

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен

Read More

Случаите на зараза со коронавирус во светот минатата недела се зголемија за осум проценти, а смртноста од Ковид-19 се зголеми за 21 отсто, соопшти Светската здравствена организација. Новопотврдените случаи се над 3,8 милиони, а смртните случаи од Ковид-19 се повеќе од 69.000. Најголем пораст на бројот на починати има во Југоисточна Азија, Северна и Јужна Америка. Во периодот од 19 до 25 јули, СЗО примила податоци за просечно 540.000 нови инфекции дневно, во споредба со 490.000 за претходната недела. Заклучно со 25 јули, во светот се регистрирани вкупно 193.657.729 случаи на инфекција и 4.154.660 починати пациенти. На неделно ниво, инциденцата…

Read More

АД „Пошта на Северна Македонија“ денеска соопшти дека согласно потпишаниот договор со Халк Банка, покрај постоечките услуги, на нивните шалтери може да се извршуваат нови услуги. Почнувајќи од вчера, 27 јули 2021, на нивните шалтери може да се извршувате следните услуги: уплата со уплатница (обр. ПП10) за физички лица, исплата на пензија на физички лица резиденти со налог за исплата на готовина (обр. ПП40), единствено за исплата на пензија од трансакциска сметка на физички лица-резиденти кои пензијата ја примаат на трансакциска сметка во Халк Банка АД Скопје. Може да се изврши пренос на средства од една на друга сметка со налог…

Read More

Кабинетот на премиерот Заев во координација со кабинетите на српскиот претседател Вучиќ и албанскиот премиер Рама а во соработка со стопанските комори од регионот ги завршуваат последните подготовки за економскиот форум во Скопје кој е од исклучително значење за регионот. Претходниците на кабинетите на високите гости се веќе присутни во Скопје и помагаат во организацијата на овој значаен настан. Инаку повеќе од 300 компании ќе бидат присутни но и претставници од меѓународните институции кои пројавија голем интерес за настаните кои се дел од овој форум. На настанот ќе биде објавено и новото име на регионалната иницијатива која досега беше неформално…

Read More

За правата на ЛГБТИ заедницата сега и на почетокот на последнава декада. Колку се задоволни и се чувствуват безбедно овие лица. Дали македонското општество го чувствуваат како општество во кое секоја единка ги ужива човековите права, разговаравме со извршната директорка на „Коалиција Маргини“, Ирена Цветковиќ. Во интервјуто за НоваТВ, Цветковиќ изјавува„Нескромно можам да потврдам дека ние сме испаднале поголеми патриоти токму заради љубовта и грижата кон луѓето кои живеат во нашата држава отколку оние кои со знамиња и симболи шират омраза и насилство“.  1..Цветковиќ, долги години работите во невладиниот сектор со акцент на правата на жените и пред се на…

Read More