Author: Нова ТВ

Просечната исплатена плата во мај годинава изнесува 26.390 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,4 отсто во однос на мај лани. Според објавените податоци, највисоките плати кои, исто така, бележат и најголемо зголемување се однесуваат на дејностите информации и комуникации. Исплатената просечна плата во мај во оваа дејност изнесувала 53.704 денари и забележала раст од 23,7 отсто. Раст од 12,3 отсто е забележан и кај платите на вработените во образованието, каде просечната плата во мај изнесувала 27.196 денари. Во дејностите на здравствена и социјална заштита, пак, е забележан раст од 8,1 отсто и исплатената просечна…

Read More

Велика Британија потпиша договори за обезбедување на 90 милиони дози од две потенцијални вакцини против Ковид-19, произведени од компаниите „Фајзер“ и „БиоНТех“, како и француската група „Валнева“. Финансиските детали за договорите не се објавени. „Новото партнерство со некои од водечките светски фармацевтски компании ќе и овозможи на Велика Британија најдобра можност да обезбеди вакцина која ќе ги заштити оние кои се најмногу изложени на ризик од коронавирус“, изјави министерот Алок Шарма.

Read More

Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје, кој претходно беше во прекин, во 14:30 часот е нормализиран, соопшти АМСМ. Сообраќајот на овој автопат беше во прекин од 13:05 часот поради сообраќајка во тунелот кај Катланово.

Read More

Поради сообраќајка во тунелот кај Катланово, попладнево од 13:05 часот во прекин е сообраќајот на автопатот Велес – Скопје. Сите возила се пренасочуваат од клучката Штип по новиот автопат Свети Николе, соопшти АМСМ.

Read More

И на четвртиот ден, вонредниот самит на ЕУ во Брисел за планираната помош во корона-кризата сè уште не е завршен. Лидерите на Унијата се согласија на пауза и треба да се вратат на заедничката маса во 16 часот

Read More

Британските медиуми објавуваат вести за нов третман во борбата против Ковид-19 кој, според резултати од првото клиничко тестирање, драматично го намалува бројот на пациенти на кои им е потребна интензивна нега. Третманот е развиен од англиската биотехнолошка компанија „Синегџен“ и користи протеин наречен интерферон бета, што телото го произведува кога се бори со вирусни инфекции. Протеинот се инхалира директно во белите дробови на пациентот со Ковид-19, со надеж дека ќе предизвика имунолошка реакција. Првичните откритија покажуваат дека третманот за 79 отсто ги намалува шансите за хоспитализираниот пациент да развие сериозна форма на болеста. „На овој начин, постојат два до…

Read More

Основното јавно обвинителство Прилеп оформи предмет по допрен глас против угостителски објект во градот во кој во вечерните часови на 18 јули оваа година организирал забава со поголем број на посетители, спротивно на законските прописи и мерки за заштита во услови на прогласена пандемија од Ковид-19. „Постапувајќи по оформениот предмет, надлежното обвинителство издаде наредби за утврдување на фактичката состојба и евентуалната кривична одговорност, како и за обезбедување докази“, информираат од ОЈО. Од ОЈО информираат дека правното лице и одговорно лице физичко лице во правниот субјект се сомничат дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи од член 206 од…

Read More

Според него, можноста од преземање на пратеници од лево кон десно или од десно кон лево, би била најлошата услуга што може да ѝ се случи на државата. Вели волјата на народот треба да се испочитува и ниту Заев, ниту Мицкоски, ниту Ахмети имаат право да тргуваат

Read More

Групацијата „Гејминг Иновејшн Груп“ (ГИГ) со седиште во Малта, која менаџира со софтверот на платформата за онлајн игри ГИГ Кор, влегува на пазарот на интернет игри во земјава преку домашната компанија К.А.К. Како што објави порталот Интергејмонлајн, предвидено е договорот за деловна соработка меѓу двете компании да биде потпишан во текот на следниот месец и со него ќе и се овозможи на ГИГ да нуди онлајн игри преку казината на К.А.К. Се очекува договорот да стане оперативен во текот на првиот квартал на 2021 година. Извршниот директор на К.А.К, Огњан Циговски, вели дека ГИГ е позната во индустријата за онлајн…

Read More

Високиот број на новозаразени од саботата (241), исто како и некои претходни варијации т.е. отскокнувања од вообичаениот број, се должи на мал кластер во една од конфекциите во Штип, рече министерот за здравство Венко Филипче. „Една од неколкуте конфекции во кои имаше поголем број заразени е веќе затворена, а во координација со градоначалникот ќе зборуваме со сопствениците и на останатите конфекции, за да видиме дали според епидемиолошките анкети има потреба и тие да се затворат за намалување на ризикот од пренос на вирусот“, рече Филипче вчера во гостување на ТВ Канал 5. Појасни дека високиот број не е тренд, туку…

Read More

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата регистрира 301 прекршок на мерката за носење на заштитна маска . Од МВР притоа апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Read More

Кај нас во 2018 година, последната за која има податоци на „Евростат“ – 57,5 отсто од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор. Овој процент е намален за 16 проценти во однос на 2010 година, кога 74,2 проценти од граѓаните не можеле да си дозволат еднонеделен одмор

Read More