Author: Sashko

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на телефонскиот разговор меѓу претседателот Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин. Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс изјави дека САД остануваат посветени на политиката на отворени врати на НАТО и оти Алијансата треба да остане отворена за кандидатите, веднаш штом тие ќе бидат подготвени. Украина, поранешна советска република, се обидува да се приклучи на Европската унија и НАТО. Се договоривме за заедничка и координирана акција. Благодарни сме на американските стратешки партнери за нивната континуирана поддршка на нашиот суверенитет и територијален интегритет. Ништо за Украина без Украина, напиша Зеленски…

Read More

Крвната плазма од лицата кои прележале ковид-19 не треба да се користи за лекување на пациентите, бидејќи нема доволно докази за подобрување на нивните шанси за закрепнување, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Плазмата од закрепнатите од инфекцијата не ја намалува ниту потребата од респиратори, нагласи СЗО. Тезата беше дека употребата на плазма поради антителата што ги содржи може да го неутрализира новиот коронавирус, да го спречи неговото размножување и да го ограничи оштетувањето на ткивото. Неколку студии не покажаа никаква видлива корист во лекувањето на сериозно болните. Студија во САД е прекината во март, откако беше утврдено дека плазмата веројатно…

Read More

Времето денеска ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег каде ќе се формира и нова снежна покривка. Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и во источните делови на земјата. Ќе дува засилен ветар од северен правец. Минималната ремпература ќе биде во интервал од 0 до 6 степени, а максималната од 2 до 8 степени. Во Скопје, времето ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Во текот на денот во повисоките делови од Скопската котлина ќе врне повремен слаб снег.…

Read More

Според најновиот пресек во Србија за последните 24 часа се потврдени 1.565 нови случаи на коронавирус и 38 починати лица. Сметајќи ги и нив, во Србија досега се регистрирани 1.265.228 милиони случаи на ковид-19, додека починаа вкупно 11.955 пациенти. Во последното деноноќие се тестирани 13.837 граѓани, хоспитализирани се вкупно 3.449 лица од кои 178 се приклучени на респиратори.

Read More

Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нешамер денеска положи заклетва како нов канцелар пред претседателот Александар ван дер Белен, а неговата инаугурација треба да стави крај на кризата предизвикана по оставката на поранешниот канцелар Себастијан Курц и неговото повлекување од политиката. Одлуката да го номинира Нехамер за канцелар ја донесе врвот на конзервативната Австриска народна партија (ОВП), чиј поранешен лидер Курц, соочен со обвиненија за корупција, најпрво поднесе оставка од функцијата канцелар во октомври, а потоа најави оставка од политиката. По оставката на Курц, должноста шеф на владата во неполни два месеца ја извршуваше шефот на дипломатијата, Александар Шаленберг. По…

Read More

Хрватска ги регистрира првите случаи на Омикрон, новата варијанта на коронавирус, во земјата. Имаме два случаи во кои е потврден омикрон, рече првиот човек на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак на вонредна прес-конференција во Загреб.  „За едниот имаме сигурни резултати дека е омикрон, а во другиот случај господинот бил вакциниран, бил позитивен, но количината на вирусот била премала за да се потврди. Секвенционирањето, сепак, покажа дека е истата мутација што е забележана во Боцвана“, рече микробиологот, Љиљана Жмак. Епидемиологот Бернард Каиќ изјави дека биле интервјуирани двајца пациенти со цел да се откријат изворите на инфекцијата и да се…

Read More

Од денеска (6 декември) во ресторани, во кина или на спортски настани во Италија ќе можат да влегуваат само лица кои имаат докази дека се вакцинирани или го прележале коронавирусот. Да се ​​има негативен тест повеќе не е доволно. Припадниците на полицијата, на армијата и просветните работници добија обврска да се вакцинираат. Патниците во јавниот превоз се обврзани да носат маски. Владата на премиерот Марио Драги ги усвои новите правила на крајот на ноември и ќе останат во сила до 15 јануари. Правилата важат и за користење на јавен превоз и за хотелско сместување. На пример, досега патниците кои патуваат…

Read More

Биотехнолошката компанија BioAcumen Global со седиште во Сингапур создаде специјален ПЦР тест кој може да ја одреди варијантата на коронавирусот Омикрон, објави денеска сингапурскиот весник „Стрејтс тајмс“. Тоа значи дека се можни три вида резултати од тестот: позитивен на коронавирус и на Омикрон, позитивен на коронавирус, но негативен на Омикрон или целосно негативен, објасни авторот на проектот. Во моментот, при спроведување на традиционалните ПЦР тестови, се неопходни дополнителни истражувања за да биде откриена новата варијанта. Ова во просек трае уште еден ден, објаснуваат експертите. Со новиот развој, на специјалистите ќе им бидат потребни само неколку часа за да го потврдат…

Read More

Русија најави дека ќе ја зајакне својата воена база во Таџикистан со 30 нови тенкови и дека нејзините сили од таа база извеле вежби со системот за противвоздушна одбрана, нагласувајќи ја загриженоста на Москва поради превирањата во Авганистан. Можноста бунтовниците од Авганистан да се инфилтрираат во Таџикистан и во другите поранешни советски републики во Централна Азија, ја загрижува Москва, која го гледа регионот како одбранбена тампон зона против заканите од југ, пренесува Фена. Руските сили вежбале да ги одвраќаат непријателските воздушни напади врз воени постројки користејќи ги нивните системи за ракетна одбрана R S-300PS, јави новинската агенција Интерфакс, цитирајќи го Министерството за одбрана. Базата…

Read More

Германските власти упатија совет до населението да не патува никаде за божиќните празници додека земјата се бори со ширењето на епидемијата на коронавирус. Во меѓувреме, канцеларката во заминување Ангела Меркел вчера, во едно од можеби последните обраќања до нацијата пред да поднесе оставка, им порача на граѓаните да се вакцинираат. Вакцинирајте се, земете бустер доза, вакцинацијата помага, рече таа. Последните мерки во Германија се однесуваат на невакцинирани лица кои нема да можат да влезат во несуштински продавници и ресторани или да присуствуваат на спортски и културни настани. Постои можност парламентот да почне да размислува за воведување на задолжителна вакцинација. Во…

Read More

Десетици илјади Австријци излегоа на улица да изразат незадоволство од  воведувањето на задолжителна вакцинација и други епидемиолошки мерки. Протестите во земјата влегоа во трета недела од почетокот, а според полициски проценки, овојпат имало околу 40.000 демонстранти. Властите соопштија дека повеќе луѓе се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир. Австрија, која воведе заклучување на 22 ноември, го продолжи до 11 декември поради индициите дека мерките помагаат да се намали бројот на новозаразени. Сега поранешниот канцелар Александар Шаленберг неодамна најави дека вакцинацијата ќе биде задолжителна од 1 февруари.

Read More

Илјадници Белгијци денеска маршираа низ Брисел во знак на протест против владините ограничувања за ширење на новиот бран на пандемијата.  Извикувајќи „слобода, слобода“, луѓето протестираа пред зградата на Европската Унија. Дел од нив носеа транспаренти со критики за вакцините и воведувањето на задолжителна вакцинација. Протестите започнаа по најавата на премиерот Александар де Кроа, кој во петокот рече дека градинките и основните училишта ќе бидат затворени седум дена пред почетокот на божиќните празници, додека децата постари од шест години мора да носат маски. Премиерот посочи дека 40 отсто од креветите на одделенијата за интензивна нега се пополнети со пациенти заразени со…

Read More