Author: Sashko

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 16.858 граѓани на ковид-19 од кои 2.272 добиле позитивни наоди, пријавени се 54 смртни случаи додека 199 пациенти се приклучени на респиратори во болниците низ земјата. Колку за потсетување, вчера во Србија беа тестирани 14.444 граѓани од кои 2.180 покажале позитивни резултати, а починаа 49 лица. 

Read More

„Досетливи“ Руси почнале во својата земја да продаваат „уреди за дечипирање“ што би се користеле по примање на доза на вакцина против коронавирус. Имено, доктор Георги Костјук, главен лекар во Психијатриската клиничка болница во Москва, објасни дека измамниците развиле „дечипатор“, мал уред „за еднократна употреба“ што се закачува на местото на инјекцијата. Теоретичари на заговорот ги уверувале следбениците дека со „дечипирање“ ќе се уништат „сите чипови што биле вбризгани“ со вакцината во раката. Налудничавите теории на заговор за „чипирањето“, според наводите, се особено популарни во земји како Русија и Бугарија, каде што стапката на вакцинација е мала, но бројот смртни…

Read More

Азербејџански воен хеликоптер се урна за време на пробен лет во вторникот, при што загинаа неколку членови на екипажот, соопштија властите. Не е кажано колку луѓе имало во хеликоптерот за време на несреќата. Хеликоптерот се урна денеска околу 10:40 часот на аеродромот Гарахејбат кај Кизи за време на пробен лет. Има мртви и повредени меѓу екипажот, се вели во заедничкото соопштение на граничната служба и државното обвинителство на Азербејџан. Несреќата се случи две недели по крвавите судири меѓу Ерменија и Азербејџан кои беа закана за примирјето што ја прекина војната меѓу двете земји лани, во која загинаа повеќе од 6.500…

Read More

Секој трет вработен во австралискиот Парламент доживеал некаква форма на сексуално вознемирување на своето работно место, се вели во извештајот финансиран од Владата што е објавен денеска. По седуммесечна истрага за „сексистичката култура“ во австралискиот Парламент, беше откриено дека сексуалното вознемирување и насилничкото однесување во Парламентот е широко распространето и се однесува и на законодавците и на другите вработени. Вакво однесување доживеале 63 отсто од пратеничките. Машките политичари сметаа дека е нормално да те бакнуваат во уста, да те допираат, да те тапкаат по задникот, да коментираат за изгледот, знаете вообичаените работи… и културата го дозволи тоа, вели една од…

Read More

Извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел смета дека постоечките вакцини ќе бидат многу помалку ефикасни против сојот Омикрон и предупреди дека може да минат месеци пред фармацевтските компании да можат да произведат повеќе вакцини што ќе делуваат против новата варијанта на коронавирусот. Бансел рече дека големиот број на мутации на Омикрон и брзото ширење на таа варијанта во Јужна Африка укажуваат дека постоечките вакцини можеби ќе треба да се модифицираат следната година. Мислам дека нема шанси ефикасноста да биде на исто ниво како што ја имавме со Делта варијантата. Мислам дека ќе има пад. Не знаеме само колку, затоа што…

Read More

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, поради забава по учеството во ТВ-шоу. Имено, ФПО наведува дека канцеларот Александар Шаленберг, како и други политичари, по учеството во хуманитарна емисија на јавниот сервис ОРФ „Светлина во темнината“ отишле на забава по снимањето. https://www.youtube.com/watch?v=AlbbMoU7yuk&t=5s Покрај канцеларот, во емисијата учествувале и австрискиот претседател Александар ван дер Белен, вицеканцеларот Вернер Коглер, министерот за здравство Волфганг Микштајн, министерката за одбрана Клаудија Танер, министерот за внатрешни работи Карл Нехамер, министерот за туризам Елизабет Кестингер и министерот за труд Мартин Кохер, но и лидерката на опозициската Социјалдемократска партија (СЈО)…

Read More

Во Јапонија е потврден првиот случај на зараза со сојот Омикрон на коронавирусот, откриен кај турист кој неодамна допатувал од Намибија. Секретарот на јапонската Влада, Хироказ Матсуно изјави дека пациентот има околу 30 години. Тој на 28 ноември е тестиран на аеродром и по позитивниот резултат е изолиран и редовно прима терапија. Неговата вчерашна анализа утврди дека е заразен со Омикрон сојот, за кого Светска здравствена организација предупреди дека е високо ризичен. Омикрон сојот првпат е откриен во лабораторија во Јужна Африка. Јапонија вчера превентивно ги затвори границите за странци со цел да се спречи ширењето на новиот сој Омикрон,…

Read More

Федералниот суд на САД вчера ја суспендира одлуката на американската Влада за наметнување на задолжителна вакцинација против ковид-19 за илјадници здравствени работници во 10 држави, кои беа првите што поднесоа жалба против таквото барање. Во судската одлука се вели дека федералните Центри за медицинска нега и помош немаат експлицитни овластувања од Конгресот да воведат задолжителни вакцини за давателите на здравствени услуги кои учествуваат во двете владини програми за здравствена заштита на стари и изнемоштени лица, лица со посебни потреби и сиромашни. Прелиминарната одлука, издадена од федерален судија во Сент Луис, се однесуваше на група од десет држави кои поднесоа заедничка…

Read More

Барбадос, островска држава во Карипското Море, од денеска и официјално е република, што значи дека британската кралица Елизабета Втора ја загуби титулата шеф на таа држава. На церемонијата на менување на државното уредување, на која присуствуваше и принцот Чарлс, беше симнато знамето на британската монархија, додека генералната гувернерка Сандра Мејсон положи заклетва како прва претседателка на Барбадос. Барбадос во средината на септември во 2020 година ја објави намера да стане република до 30 ноември во 2021 година, на денот на одбележување на 55 години од независноста. Островот со 287.000 жители е под британска власт од 17 век. Познат е по…

Read More

Австралиската Влада соопшти дека поради појавата на новиот сој на коронавирусот Омикрон ја пролонгира одлуката за повторно отворање на своите граници. Границите требаше да бидат отворени утре за вакцинираните лица, но таквата одлука е одложена за 15 декември. Исто така е одложено и отворањето на границите за патници од Јапонија и од Јужна Кореја до 15 декември. Во владиното соопштение се истакнува дека „привременото одложување“ е со цел да се добие време за прибирање на информации „кои се потребни подобро да се разбере сојот Омикрон на вирусот“. Австралија е земја во која процентот на вакцинирани граѓани е прилично висок. Прва…

Read More

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси по седми пат ја освои „Златната топка“, овојпат пред Роберт Левандовски и Жоржињо. Со тоа постави нов рекорд и ја вметна Аргентина на делба на првото место од аспект на земји од кои доаѓаат победниците, заедно со Германија, Холандија и Португалија.  Покрај Меси, на подиумот се најдоа и Роберт Левандовски и Жоржињо кои ги освоија двете најважни титули, Лигата на шампионите со Челзи и ЕП 2020 со Италија. Првите 10 ги заокружија Карим Бензема на четвртото место, Нголо Канте на петтото, Кристијано Роналдо на шестото, Мохамед Салах на седмото, Кевн де Брујн на осмото, Килијан Мбапе…

Read More

Сопственикот на „Беса транс“, Беким Хаџиу во интервју за БНТ вели дека автобусот пред да замине од Турција минал низ сервисна станица и се било во ред. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Хаџиу ја отфрлил можноста некои од патниците да внесувале запаливи материи. Тој потврди дека и тој и неговото семејство биле дел од патувањето, но патувале со други автобуси. Неговите деца биле во последниот автобус. Хаџиу рече дека автобусот бил произведен во 2007 година, но бил купен од неговата компанија пред околу три години. Според сопственикот, досега немало технички проблем со автобусот. Патував со семејството, рече…

Read More