Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Зоран Заев сé уште нe доставил оставка до Собранието од функцијата премиер, што ја најави на 31 октомври по завршување на вториот круг од локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ, кое во петокот вечерта објави дека има ново парламентарно мнозинство, вчера доби поддршка и од коалицијата „За обнова на Македонија“. Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски до понеделник ќе се чека Заев да ја достави оставката до Собранието, а ако тоа не се случи, ќе почне, како што рече, постапката за иницијатива за гласање на недоверба на Владата. За денеска е најавен состанок на Генералниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во…
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот во рамки на зајакнатата акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес санкционира 96 возила. Од нив, 21 се движело со брзина од 50 километри на час над дозволената, а три со над 70 километри на час. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. „Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, апелира МВР.
Македонската ракометна репрезентација вечерва по вторпат загуби од Египет во Каиро со 31:26 што е втор пораз за избраниците на селекторот Кирил Лазаров по вчерашните 32:25. Двата натпревари против Египет беа во рамки на ЕХФ неделата резервирана за меѓународни контролни натпревари. Македонската репрезентација на почетокот на следната година ја очекува настап на Европското првенство. Противници на „црвено-жолтите“ во групната фаза ќе бидат селекциите на Словенија, на Црна Гора и на Данска.
Последните превирања на политичката сцена во државата и најавите за прекројување на парламентарното мнозинството што се изродија по вториот круг на локалните избори, се причина за лидерот на ДУИ, Али Ахмети за утре во Тетово да свика итен состанок на Генералниот совет на партијата. Тој се обрати уште синоќа на Фејсбук во пост на англиски јазик во кој нагласи ДУИ ќе делува без еуфорија и емоции и во консултации со стратешките партнери на партијата со седиште во Мала Речица.
Шпанската полиција уапси 12 лица и трага по уште толку, откако група на патници побегна од авион на аеродромот во Палма де Мајорка. Авионот на нискобуџетната мароканска компанија „Ер Арабија Марок“, кој летал од Казабланка до Истанбул, принудно слетал на Мајорка поради, наводно болен патник, соопшти шпанската цивилна гарда. Кога се отвориле вратите на авионот вчеравечер во 20:30 часот по локално време, 21 патник избегал од авионот, соопштија денеска од регионалната Влада. Меѓу 12-те уапсени имало и еден болен патник кој подоцна бил пуштен од болница. Едно лице, пак, е уапсено поради агресивно однесување во леталото. Портпаролката на регионалната Влада,…
По најавата за оставка од Зоран Заев, имаме политичка нестабилност што може да предизвика и поширока дестабилизација. Во вакви ситуации е исклучително значајно да преовлада разумно и рационално однесување, да не се наруши стабилноста, институциите да функционираат, да се опстои на евроинтеграцискиот пат и да се одржува внатрешната меѓуетничка кохезија, смета лидерот на Демократски сојуз (ДС), Павле Трајанов. Клучно е да се обезбеди меѓупартиски консензус за излез од оваа состојба, преку формирање на преодна Влада и организирање на парламентарни избори. Најавите дека има 61 пратеник за пад и избор на нова политичка Влада не се сигурни и можни се пресврти.…
Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Како што информира УХМР, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Во Скопје слично време, претпладне со појава на магла и значителна ниска облачност, а од пладне сончево со слаб ветар од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне 20 степени. Во следните денови во претпладневните…
Во последните 24 часа се регистрирани 601 нов случај на ковид-19 од направени 4.501 тестирања. Оздравени се 304 пациенти, а починале 13 лица, информира Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од новите случаи, во Скопје се 217, во Битола – 68, во Велес – 34, во Кавадарци и во Куманово по 31, во Прилеп и во Штип по 28, во Крива Паланка – 18, во Кочани и во Тетово по 17, во Гевгелија – 16, во Делчево, во Кичево, во Охрид и во Радовиш по 10, во Берово – девет, во Неготино – осум,…
Новиот градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијансата на Албанците (АА), Арбен Таравари тврди дека се преговара и со неколку пратеници на СДСМ кои, според него, биле разочарани од партијата и изразиле подготвеност да минат на спротивната страна. Од синоќа имаме ново мнозинство што во наредните денови очекуваме да порасне до 64-65 пратеници. Преговараме со неколку пратеници. Меѓу нив има и членови на СДСМ кои се незадоволни од криминалното владеење на СДСМ и на ДУИ. Мислам дека најпрво треба да се случи промената, државата да се декриминализира и да почне да чекори по вистински пат, изјави Таравари за „Канал…
Претседателот на Либерално демократската партија (ЛДП), Горан Милевски не сака да ги коментира написите во дел од медиумите за новото парламентарно мнозинство во кои се провлекува и ЛДП како учесник во разговорите за прекројување на собранискиот состав. „Не ги коментираме изјавите за актуелните случувања. Во постојана комуникација сме со нашите пријатели и ЛДП со своите постапки нема да ја загрози меѓународната позиција на државата“, изјави Милевски за Нова ТВ.
„Алтернатива“ знаеле дека ЛДП ќе биде дел од договорот: Скендер Реџепи е против мнозинство со Левица
Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд нема да поддржи мнозинство со Левица во Собранието, објави „zhurnal.mk“, новинска агенција на албански јазик, повикувајќи се на информација што ја објави порталот tetovasot.com. Тој, како што наведува агенцијата од свои неименувани партиски извори, најавил оти ќе побара од партијата да се повлече од договор за парламентарно мнозинство со субјектот на чие чело е Димитар Апасиев, бидејќи, како што вели, е анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-американска и се декласирала против Договорите од Охрид и од Преспа. Изворот на zhurnal.mk порачал дека партијата Алтернатива, до моментот на одржување на средбата во Собранието по која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објави…
Македонија Ѓ.П. му го нанесе вториот пораз на Шкупи, водечкиот тим во Првата македонска фудбалска лига во моментот во оваа сезона. Ѓорчепетровци до трите бода стигнаа со гол во самиот финиш, слично како и Брегалница Штип на дуелот со Скопје. Резултати на натпреварите од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига одиграни попладнево: Брегалница – Скопје 2:1 Македонија Ѓ.П. – Шкупи 2:1 Пелистер – Струга Трим Лум 0:1 Работнички – Академија Пандев 0:3 Ренова – Шкендија 0:1 Тиквеш – Борец 2:1 Табела: Шкупи 29 бода, Академија Пандев 25, Ренова 22, Брегалница 22, Шкендија 21, Струга 19, Работнички 18, Македонија Ѓ.П.…