Author: Sashko

Најмалку 23 лица загинаа денеска во пакистанскиот дел на Кашмир, откако автобус се излизгал од планински пат и паднал во длабока провалија, соопшти полицијата. Несреќата се случила во областа Пуландри, во хималајскиот дел на Кашмир, изјави високиот полициски функционер Фајаз Абаси, пренесен од американските медиуми. Абаси изјави дека неколку повредени патници во несреќата се пренесени во блиската болница. Не е јасно што ја предизвикало несреќата, а полицијата стравува, како што се наведува, дека бројот на загинатите патници може да се зголеми, бидејќи дел од повредените патници се наоѓаат во критична состојба. Сообраќајните несреќи се вообичаени во планинскиот дел на Кашмир…

Read More

По неодамнешните одржани маневри, Русија остави бројни единици недалеку од границата со Украина и нивниот број сега изнесува 90.000, објави денеска украинското Министерство за одбрана. Руските вооружени сили во последниот период одржаа серија на бројни воени вежби во кои учествуваа бројни армиски родови, вклучувајќи падобранци, наведува Министерството и додава дека по обуките останале единици на 41-та армија кои се наоѓаат на 260 километри од границата. Треба да се истакне дека Руската Федерација периодично користи пракса на префрлување и акумулирање на воените единици за одржување на тензии во регионот и политички притисок врз соседните земји, се наведува во соопштението на Министерството…

Read More

По повод една година од почетокот на војната во етиопската област Тиграј, премиерот и Нобелов лауреат за мир, Абиј Ахмед, денеска со порака пред сограѓаните дека „непријателите ќе бидат закопани со наша крв“. Британските медиуми забележуваат дека пораката на Ахмед доаѓа по само еден ден од прогласена вонредна состојба во земјата, откако силите на Тиграј се заканија со поход кон главниот град. Дупката што беше ископана, ќе биде многу длабока. Непријателот ќе биде закопан во неа, а не онаму каде Етиопија се дезинтегрира. Ќе го закопаме овој непријател со нашата крв и коски и ќе ја направиме Етиопија повторно славна,…

Read More

Светската здравствена организација (СЗО) издаде дозвола за итна употреба на индиската вакцина против ковид-19 – Коваксин. Лекот го разви индиската компанија „Барат Бајотек“ во соработка со националниот Институт за вирусологија во Пуна. Техничката советодавна група, што ја повика СЗО и составена е од регулаторни стручњаци од целиот свет, утврди дека вакцината Коваксин ги исполнува условите на СЗО за заштита од ковид-19, дека користа од вакцината е далеку поголема од ризикот и дека вакцината може да се користи, нагласија од СЗО.

Read More

Руски транспортен авион од типот „Антонов“ се урна денеска во регионот на Иркутск во источен Сибир и според неофицијалните информации загинаа две лица. Карго авион од типот „Ан-12“ исчезна од радарите додека се подготвуваше за слетување, на седум километри од Иркутск, во зона на населбата Пивоварика. Според прелиминарните податоци, во авионот се наоѓале осум лица, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. На лице место пристигнаа спасувачки и противпожарни екипи. Авионот се запалил, а пожарникарите сè уште го гасат леталото. Како можни причини за падот на авионот се разгледува евентуална грешка на пилотот при вториот обид за слетување или технички дефект,…

Read More

Вознемирувачките сцени од ЕП 2020 кога на теренот, поради срцеви проблеми, колабира данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен се повторија, за среќа без трагичен епилог, на натпревар од втората фудбалска лига на Норвешка. Како што објавија локалните медиуми, првенствениот меч меѓу Согндал и Стјордалс-Блинк бил прекинат во 12. минута, кога исландскиот интернационалец во редовите на домашниот тим, Емил Палсон колабирал на теренот како последица на срцев удар. Со итна интервенција на лекарскиот тим Палсон бил реанимиран на теренот и пренесен во локалната болница. Клубот соопшти дека Исланѓанецот е во свесна состојба. „Палсон падна на тревата по срцев удар. Успешно е реанимиран и…

Read More

Екипата на Атланта Брејвс ја освои американската професионална лига во бејзбол (МЛБ), откако синоќа славеа во шестиот натпревар на гостински терен против Хјустон Астрос со 7:0. Атланта последен пат беше шампион во 1995 година, а со 16 последователни настапи во плејофот без трофеј, „Брејвс“ беа екипа со најдолга серија неуспешни обиди да го освојат „Commissioner’s Trophy“. Тоа што пропуштија да го направaт во петтиот натпревар на домашен терен, играчите на Атланта го направија на „Minute Maid Park“ во Хјустон, каде домашниот Астрос важеше за фаворит не само во шестиот натпревар, туку и за повторување на нивната последна шампионска титула од 2017…

Read More

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски објави список со 24 фудбалери за претстојните дуели против Ерменија и Исланд во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година. Ново име на списокот на Милевски е фудбалерот на турскиот прволигаш Истанбулспор, Ваљон Етеми, кој на 27-годишпна возраст ќе има шанса да дебитира во националниот дрес, а по надминување на проблемите со повредата во тимот се враќа Енис Барди. Македонските фудбалери влегуваат во завршниот ноемвриски циклус од мундијалските квалификации и дуелите против Ерменија (Ереван, 11 ноември) и против Исланд (Скопје, 14ноември), како третопласирани во групата Ј со 12 бода, еден помалку од Романија…

Read More

До Државната изборна комисија (ДИК), заклучно со вчерашниот ден, се поднесени вкупно 23 приговори за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори 2021. Седум приговори до ДИК поднела политичката партија ТМРО кои се однесуваат на избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане. Седум приговори се поднесени и од Коалицијата предводена од СДСМ, кои се однесуваат на избирачките места 2966/1 и 2958/1 во Општина Шуто Оризари, избирачкото место број 1612 во Општина Конче, избирачките места 835, 874 и 865 во Општина Кочани и избирачкото…

Read More

Функционирањето на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија во сегашниот формат е излишно и лично не гледам смисла во продолжување на нејзината активност, вели Спас Ташев од Институтот за население и хумани студии при Бугарската академија на науките (БАН) за „Њуз.бг“. Тој вели дека не предлага распуштање на Комисијата, туку преиспитување на нејзината работа и таа да се фокусира на популаризација на неспорните факти, кои се прифатливи и за Бугарија и Северна Македонија. Може да се заклучи дека Комисијата не дава резултати, а причина за тоа е не добро осмислената идеја за нејзиното создавање,…

Read More

Околу 35 отсто од населението во Северна Македонија било изложено на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, покажуваат податоците на Евростат за 2020 година. Податоците на Евростат се однесуваат на земјите-членки на Европска Унија, Европската економска област и земјите од Западен Балкан. Под ризик од сиромаштија се подразбираат домаќинства кои се соочуваат со тешка материјална и социјална ранливост, не можат да си дозволат одредени материјални работи или социјални активности или имаат многу низок интензитет на работа, ниво на образование и друго. Во регионот, најтешка е ситуацијата во Албанија каде, според истите податоци, над 50 отсто од населението било во опасност…

Read More

Со 1,6 милиони долари досега се изготвени 58 квалитетни технички документации за проекти во 47 општини и два регионални центра. Сите овие проекти се подготвени за реализација, а за нивно финансирање ќе бидат потребни 126 милиони долари, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на „Тркалезната маса за финансирање инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој и економско закрепнување“. Проектите, напомена Битиќи, ќе придонесат за подобар живот на граѓаните, а додадена вредност е што се зајакуваат капацитетите на локалните самоуправи. Идејата за проектот потекна од централанта власт која препозна недостиг на квалитетни технички документации на локално ниво. Мора да се…

Read More