Author: Sashko

Протестот на косовските Срби, незадоволни од распоредувањето на специјалните полициски сили на административните премини Јариње и Брњак и одлуката на Приштина да ги замени регистарските таблички, трае седми ден по ред. Ниту припадниците на специјалната полиција, ниту граѓаните собрани на протестот не се откажуваат од своите позиции, јави дописникот на МИА од Белград. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ синоќа од Њујорк порача дека Белград е подготвен за дијалог, но очигледно дека Приштина не е. Таа апелираше до меѓународната заедница да инсистира Приштина да започне со спроведување на договорот од Брисел, а особено формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО). Како…

Read More

За време на неделната проповед, папата Франциск повика на прифаќање на мигрантите и да не се ускратува нивната надеж, истакнувајќи дека „секое затворање води кон диктатура и насилство“. Секое затворање и изолација, отстранување на оние што мислат поинаку од нас, доведува до екстремни позиции, што води до диктатура и насилство. Тоа се корените на многу зла во историјата. Денеска е Светски ден на мигрантите и бегалците. Треба да бидеме сплотени, без предрасуди, страв, да се грижиме за слабите, мигрантите, бегалците, жртвите на трговија со луѓе. Мора да изградиме поотворен свет во кој никој не е исклучен, нагласи поглаварот на Римокатоличката…

Read More

Граѓаните над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести од утре ќе можат да примат трета доза на вакцина против ковид -19, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека процесот на скрининг во училиштата ќе почне најверојатно за две недели. Граѓаните над 60 години, согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина, ќе добијат порака да се вакцинираат. Притоа таа порака ќе биде потсетување во смисла дека нема посебен термин или пункт, може да одат каде било најблиску до местото на живеење. И понатаму ќе функционира пунктот во салата „Борис Трајковски“,во сите други поликлиники…

Read More

Здружението „Борка-за секој нов ден“ денеска организираше настан „Race for the Cure – Напред розово“, во рамки на 13-тата кампања за борба против рак на дојка. На настанот присуствуваше и министерот за здравство, Венко Филипче, кој истакна дека, почнувајќи од 2019 година, заеднички е многу направено. Системски го подобривме делот на пристапот и квалитетот на здравствената заштита кај пациентите со карцином на дојка и други малигни болести. Во нашата земја, повеќе нема пациент со малигна болест за кој не е обезбедена најквалитетна, иновативна биолошка терапија и можност за скрининг во повеќе центри низ земјата. Пациентите кои не се со живеалиште во Скопје, сега…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска обврска и ја спроведе постапката за попишување. Како што истакнал тој, на овој начин тие станаа партнер во овој процес за да може државата, јавните институции, локалната власт и бизнис заедницата врз основа на добиените податоци да обезбедат подобар живот за сите граѓани на Северна Македонија. Остануваат уште четири дена до крајот на најважната и најсложена статистичка операција – Попис на населението, домаќинствата и становите што ја спроведува Државниот завод за статистика. По 20 години, конечно…

Read More

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров истакна дека шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жосеп Борел му рекол дека „Русија треба да излезе од Африка“. Лавров притоа истакна дека би било подобро да се координираат постапките меѓу ЕУ и Руската Федерација во смисла на борба против тероризмот, не само во Мали, туку и во целиот регион на Сахара и Сахела. Како прво, да кажете „јас стигнав прв, затоа вие излезете“, пред сè е навреда за Владата во Бамакo која ги повика меѓународните партнери. Како второ, тоа не е начин да се разговара со било кого, рече…

Read More

Судот во БиХ донесе решение со кое се одбива барањето за испорачување на Зоран Мамиќ во Хрватска. Хрватска побара екстрадиција на Мамиќ по три основи – за повторување на судската постапка по одлуката на Врховниот суд кој ги укина пресудите на Жупанискиот суд во Осиек и нареди повторување на процесот. Натаму, испораката се бара и за издржување на затворска казна во траење од четири години и осум месеци што Мамиќ ја доби поради истрагата за подмитување на тројца судии во Осиек. Како што пишува „Дневни аваз“, адвокатите на рочиштето истакнале дека не постојат претпоставки во ниту една од трите основи…

Read More

Времето утрово беше свежо, а преку ден ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени, а максималната од 27 до 32 степени. Во Скопје, сончево и топло. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен. Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност што ќе се зголеми кон крајот на денот. Од вторник ќе настапи значителна промена на времето. Ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд со променлив…

Read More

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечерва во 20 часот ќе биде изведена премиера на претставата „Вистинскиот запад“ во режија на Борис Василески, според најпоставуваниот драмски текст на наградуваниот американски автор Сем Шепард. „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува, соопшти МКЦ. Во претставата играат Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев и Тања Кочовска. Сценографија и дизајн на светло е на Мартин Манев, костимографијата…

Read More

Во кафе-книжарницата „Буква“ денеска ќе биде промовирана сликовницата „Што виде бубамарата?“ на Румена Бужаровска и Јана Јакимовска, во издание на издавачката куќа „Чудна шума“. „Што виде бубамарата?“ е прва книга за деца на писателката Бужаровска и прв коавторски проект со уметницата Јакимовска. Раскажува за бубамарата која еден ден решава да направи нешто убаво за себе и тргнува на пат низ целиот свет. Шетајќи низ шаренолики предели, сведочи случки на различни чудни ѕверки, итн. Иако првенствено е наменета за деца, оваа сликовница со „стихувани сказни“, како што ги нарекува Бужаровска, е подеднакво интересна и за возрасните, кои ќе се насмеат кога…

Read More

Околу 60,4 милиони Германци денеска го избираат идниот состав на парламентот и наследникот на Ангела Меркел на функцијата канцелар. Федералната изборна комисија ги одобри кандидатурите на вкупно 54 партии, но на изборите излегуваат 47 партии. Се натпреваруваат 6.211 кандидати од кои, речиси, една третина се жени – 2.024. Главната борба се очекува меѓу конзервативните демохристијани (ЦДУ и ЦСУ) и социјалдемократите (СПД), кои во моментот заедно формираат голема „црно-црвена“ коалиција и опозициските „Зелени“. Тие три партии се единствените кои, надевајќи се на победа, официјално предложија свои кандидати за канцелар. Покрај нив, во Бундестагот најверојатно ќе влезат и партии кои и сега…

Read More

Украинецот Александар Усик е нов светски боксерски шампион во тешка категорија. Во синоќешниот спектакл во Лондон, тој славеше на поени (117:112, 116:112 и 115:113) над досегашниот владетел на тронот во верзиите ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, Британецот Ентони Џошуа. Усик е вториот боксер во историјата што стана апсолутен шампион во тешка категорија со сите обединети титули, по Ивандер Холифилд пред две децении. Украинецот го стори тоа по само 19 борби во професионалниот ринг.

Read More