Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Шефовите на држави кои учествуваат на Генералното Собрание на Обединетите Нации (ОН) во Њујорк, а не се вакцинирани, ќе мора да се задоволат со парче пица на улица. Така мина и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро кој не можеше да влезе во ниту еден ресторан оти нема примено ниту една доза од вакцината против ковид-19. Болсонаро, десничарски популист, изрази сомнеж во вакцините и пред поаѓање за Њујорк порача дека неговиот имунитет е доволно силен да се одбрани од коронавирусот. Министрите од бразилската Влада објавија фотографија на која се гледа како Болсонаро и соработниците јадат пица на улица во Њујорк. Неговите фанови…
Јапонските сестри Умено Сумијама и Коуме Кодама, според Гинисовата книга на рекорди, се највозрасните близначки во светот со 107 години и 330 дена. Досегашни рекордерки беа нивните сонароднички Кин Нарита и Гин Кание кои починаа во 2000 година, односно, 2001 година на возраст од 107 години. Сумијама и Кодама се родени на 5 ноември во 1913 година на остров во западна Јапонија, камко трето, односно четврто дете во семејство со 11 браќа и сестри. Денеска во посебни домови за пензионери. Според податоци на Министерството за здравство, околу 29 отсто од 125 милиони Јапонци, нација со најдолг животен век во светот,…
Попладнево во Албанија е регистриран земјотрес со јачина од 3,9 степени по Рихтеровата скала. Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека епицентарот на земјотресот бил на 21 километар североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри.
Американскиот претседател Џо Бајден го бранеше хаотичното повлекување на САД од Авганистан во денешниот говор во Обединетите Нации (ОН), тврдејќи дека е неопходно да се префрли фокусот на американската политика од антидемократските системи и да се фокусира на глобалните предизвици; пандемијата со ковид-19 и климатските промени. Завршивме дваесетгодишен конфликт во Авганистан и ера на немилосрдна војна, отвораме нова ера на немилосрдна дипломатија, рече Бајден, појавувајќи се на Генералното собрание на ОН за првпат како претседател. Соочен со критики за повлекување од Авганистан, Бајден вети дека ќе ги брани националните интереси на САД, но рече дека „мисијата мора да биде јасна…
Талибанците денеска соопштија дека не постојат докази за присуство на милитанти на ИД и на Ал Каеда во Авганистан. Пред неколку дена, ИД ја презеде одговорноста за бомбашките напади во градот Џалалабад во источен Авганистан. Не гледаме никој во Авганистан кој има врска со Ал Каеда. Ние сме посветени на фактот дека ќе нема опасност од Авганистан за која било држава, рече Муџахид. Од преземањето на власта во Кабул, талибанците се соочија со меѓународен притисок да се откажат од врските со Ал Каеда, која го изврши терористички напади во САД на 11 септември во 2001 година. Портпаролот на талибанците Забидула…
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на отворањето на годишната сесија на Генералното собрание на светската организација денеска ги предупреди САД и Кина за можно ново влошување на ситуацијата во светот кој „веќе е на работ на бездна“ и ги повика двете светски водечки економии за дијалог и разбирање. Се соочуваме со најголемата криза во нашите животи. Се плашам дека нашиот свет се движи кон два различни типа на економски, комерцијални, финансиски и технолошки регулативи, кон два различни пристапа во развојот на вештачката интелигенција и конечно кон две различни воени и геополитички стратегии, рече Гутереш. Тој додаде дека тоа е…
Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја доби наградата „Златна копачка“. Многу сум среќен, ова е голема чест. Сакам да се заблагодарам на моето семејство, на соиграчите, на стручниот штаб и целиот Баерн Минхен. Без нивната поддршка, немаше да можам да освојам вакви награди. Во спортот, како и во животот, многу е важно да се вреднувате, да се поддржувате, секогаш да бидете искрени еден кон друг и да се обидувате да бидете пример за другите. Затоа оваа награда им ја посветувам на сите луѓе кои се покрај мене секој ден. Многу сум задоволен од она што го постигнавме заедно како…
Сѐ уште нема потреба од промена на моделот за настава, и учениците продолжуваат и понатаму да одат во училиште, бидејќи се безбедни, а тоа го потврди и Министерството за здравство попладнево во својот извештај, за кој утрово дискутиравме и на Главниот координативен штаб, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска. Сѐ уште немаме интерна трансмисија на ковид-19 во училиштата и тоа го кажуваат надлежните здравствени власти. Бројот на позитивни на дневно ниво се движи од 0,01% до 0,03 %, зависно од денот, но сепак имаме повеќе од 240 илајди ученици со физичко присуство кои се секојдневно во училница и…
Со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, затоа што ни треба решение, затоа што треба да одиме во ЕУ и да ја исполниме втората еднакво важна цел, по членството во НАТО. Горд сум и среќен што доживеав за време на мојот мандат да бидеме членка на Алијансата, тоа е стратешка цел од 1993 година. Продолжуваме кон исполнување и на втората стратешка цел – членството во ЕУ, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот тв дуел на Канал 5 со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него, не треба да се надеваме на ништо во септември, октомври и…
Дури и големите политички одлуки кои се донесоа заради единството во државата, ефикасноста на институциите, заради меѓународните договори, членство во НАТО, беа заради подобар стандард на нашиот народ, изјави вечерва премиерот Зоран Заев на ТВ дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На четири години и три и пол месеци откако СДСМ доби чест да ја води Владата, успеавме за шест илјади денари да ја качиме просечната плата, беше 22.800 сега е 28.744 денари. Минималната беше девет илјади денари, сега е 15.200, стапката на невработеност беше близу 25 проценти, сега е 15,9, значи повеќе од девет проценти е намалена стапката…
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на крајот од вечерашниот ТВ дуел, и покрај низата меѓусебни препукувања, си подадоа рака за фер и демократски локални избори. Заев рече дека нема никаков проблем да си подаде рака со политичкиот опонент, а Мицкоски нагласи дека е прв од актерите на политичката сцена кој најавил позитивна кампања со проекти и политики важни за граѓаните. Мора да се согласиме дека сепак, за граѓаните е најважна иднината. Да си подадеме рака за фер и демократски избори, истакна Заев. Мицкоски посака на изборите да има услови за фер и…
И премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва изјавија дека очекуваат да победат со своите коалиции на претстојните локални избори. Ние ќе победиме и на градоначалничките места, во вкупен број, и во вкупен број на советничките места во државата, и во вкупен број на гласови, а ќе победиме и во градот Скопје. Затоа што сме Влада која помогнала на општините и искрено верува во општините, рече Заев на вечерашниот ТВ дуел со Мицкоски. Нивниот став, како што рече премиерот, е да го понудат најдоброто за секоја општина и во делот на кандидатите за градоначалници и во делот…