Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Тетовската полиција започна истрага за откривање кој стои зад истрелите од огнено оружје врз теолошкото училиште во градот при што се оштетени при што се оштетени прозорци од објект. Случајот е пријавен утринава, а според пријавителите пукањето и оштетувањето се случило ноќта помеѓу неделата и понеделникот. – Денеска во СВР Тетово е пријавено дека изминатата ноќ (19/20 септември) засега непознат сторител(и) со истрели од огнено оружје оштетил неколку прозорци на објектот на средното теолошко училиште – Медреса Иса Беу на улица „Пробиштипска“ во Тетово. Оштетени се прозорци на првиот и погорните катови, односно светларници. При увидот на припадници на СВР Тетово…
На почетокот на август, талибанците ја засилија офанзивата врз авганистанските владини сили. Од ден во ден освојуваа провинциски главни градови, а тоа кулминира со пад на Кабул на 15 август. Но, покраината Панџшир, североисточно од главнио град, остана надвор од нивна контрола, преку ноќ се претвори во бастион на Отпорот и во неа се концентрираа силите што останаа лојални на Амрула Салех, заменик на поранешниот претседател на Авганистан, Ашраф Гани. کماندوهای نیروهای مقاومت شب گذشته پس از حمله نافرجام خود با راکت اندازهای BM-21 و تلفات سنگین مواضع #طالبان را مورد حمله قرار دادند. طالبان در جهل خود قول داده…
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо го урна рекордот по бројот на постигнати голови на репрезентативен план со што си обезбеди место во Гинисовата книга на рекорди. Со двата гола во победата над Ирска со 2:1 во квалификациите нза Светското првенство во Катар во 2022 година, Роналдо стигна до бројката од 111 погодоци за националниот тим и го мина Али Даеи кој во период од 1993 година до 2006 година даде 109 гола за Иран. „Благодарност до Гинисовата книга на рекорди. Секогаш е добро да се биде препознат како светски рекордер. Ќе се обидам уште повеќе да ги погобрам бројките во…
Европската Унија (ЕУ) ќе соработува со талибанците под строги услови, но тоа не значи дека ќе ја признае новата авганистанска влада, порача денеска шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел. За да му помогнеме на авганистанскиот народ, ќе мора да соработуваме со новата влада во Кабул што не значи признавање. Тоа ќе биде оперативна соработка, изјави Борел на прес-конференцијата во Брдо, Словенија, пренесува „Ројтерс“. Борел додаде дека соработката ќе се зголемува во зависност од однесувањето на авганистанската влада, на пример „ако Авганистан не биде база за извоз на тероризам во други земји“ и ако ги почитува човековите права, владеење на правото…
Регионалната ракометна СЕХА лига денеска го објави идеалниот дел на регуларниот дел од сезоната во кој се најдоа вкупно тројца ракометари од македонските екипи Еурофарм Пелистер и Вардар. Во традиционалниот избор на капитените на екипите учесници во СЕХА лигата, Невен Стјепановиќ од Еурофарм Пелистер е прогласен за најдобар десен бек, а неговиот соиграч Јосип Периќ за најдобар среден бек и воедно за најкорисен играч (МВП). Стратегот на Еурофарм Пелистер Жељко Бабиќ е тренер на регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата. За најдобро лево крило е избран Тимур Дибиров од Вардар, додека неговиот клупски колега Клеб Каладаш е прогласен за…
Авганистанскиот авиопревозник „Аријана Ерлајнс“ соопшти дека од денеска продолжува до летови на домашните релации. Добивме зелено светло од талибанците и планираме денеска да продолжиме на летаме, изјави Тамим Ахмади, висок службеник на авиокомпанијата, за АФП. Катар во последните денови забрзано работи со талибанците за повторно отворање на меѓународниот аеродром, а технички тим од земјата во средата пристигна во Кабул, пренесува „Би-Би-Си“. Меѓународниот аеродром во Кабул беше затворен за патнички сообраќај по заземањето на главниот град на Авганистан од талибанците на 15 август, а за секаков сообраќај беше затворен од понеделникот кога полета и последниот американски авион за евакуација.
Во Босна и Херцеговина, која имаше големи проблеми со добивање на вакцини против коронавирусот, ќе бидат уништени илјадници дози поради изминат рок за употреба. Крајниот рок за употреба на 340.183 дози на вакцини против ковид-19 во Федерацијата БиХ истекува следниот месец, соопшти Институтот за јавно здравје на ФБиХ. Ако не се искористат навреме, 319.390 дози на вакцини на „АстраЗенека“, 19.536 дози од вакцината на „Фајзер“ и 1.257 дози од вакцината на „Синовак“ ќе мора да бидат уништени. Вториот контингент на вакцини на кои им истекува рокот во ноември е – 25.170 на „АстраЗенека“ и 10.530 на „Фајзер“, додека во декември…
Фармацевтската лабораторија на „АстраЗенека“ и Европската Унија (ЕУ) постигнаа договор за испорака на анти-ковид вакцини и го завршија судскиот спор што Унијата го започна минатата пролет поради доцнење на испораките, објавија денеска двете страни. До крајот на првиот квартал од 2022 година, „АстраЗенека“ се обврза дека ќе испорача вкупно 200 милиони дози на вакцина и ќе ја исполни нарачката од договорот потпишан пред една година, кој предвидуваше испорака на 300 милиони дози. На 27-те членки на ЕУ, „АстраЗенека“ веќе испорача околу 100 милиони дози до 30 јуни оваа година, се посочува во соопштението од Еврокомисијата. ЕК истакна дека испораките ќе…
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Ју-Ес опен со победата над Холанѓанецот Талон Грикспор со 6:2, 6:3, 6:2, за што му беа потребни 100 минути. Кога сè ќе се собере, мислам дека беше многу добро. Исклучително сум задоволен од нивото на мојот тенис. Сè оди во вистинска насока, изјави Ѓоковиќ. Негов противник во третото коло ќе биде јапонскиот тенисер Каи Нишикори.
Министерството за здравство на Грција им дава можност на невакцинираните здравствени работници да се вратат на работа, доколку примат прва доза на вакцина против ковид-19, но потоа и да ја завршат имунизацијата, наспроти досегашната одлука што не им гарантираше враќање на истата позиција, во случај на вакцинација по 1 септември и добиено решение за принуден неплатен одмор, јави дописничката на МИА од Атина. Новиот министер за здравство на Грција, Танос Плеврис, соопштувајќи ја одлуката рече дека задолжителната вакцинација за вработените во националниот здравствен систем „беше воведена со цел да се придонесе за заштита на јавното здравје“, но бидејќи немаат намера…
Коосновачот на талибанското движење, мула Абдул Гани Барадар ќе ја предводи новата авганистанска влада, изјавија денеска извори од исламистичката група, додавајќи дека информацијата ќе биде наскоро објавена, пренесува агенцијата Хина. На Барадар, кој раководи со политичката канцеларија на талибанците, на високите владини позиции ќе му се придружат мула Мохамад Јакуб, син на починатиот талибански основач, мула Омар-и-шер-Мохамад Абас Станекзаи, посочија три извори. Сите највисоки челници пристигнаа во Кабул, каде во завршна фаза се подготовките за објавување на новата влада, изјави талибански функционер за „Ројтерс“, под услов да остане анонимен, пренесува Хина. Барадар на 17 август се врати во Авганистан од…
Министерството за здравство (МЗ) информира дека за време на четвртиот ковид бран, во период од јули до крајот на август, епидемиолошките анализи покажуваат дека најголема смртност на пациенти со ковид имало во градовите со најнизок процент на вакцинирано население. Во градовите како Гевгелија, Кавадарци, Ресен и Берово каде вакцинацијата е меѓу 54-61 процент, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат. Тетово го дочека бранот со само 19 отсто вакцинирани граѓани во јули и таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број на хоспитализирани пациенти и најголем број на смртни случаи, 106 до крај на август. Последните недели…